Категорија: Истражување

„КРСТОПАТОТ НА ДРОГАТА“ НОСИ МИЛИОНСКИ ПРОФИТ

Покрај марихуаната, најкористена дрога е и хероинот. Се проценува дека реалната бројка на корисници на дроги е околу 30 илјади. Ако на еден зависник дневно му е потребно отприлика дневно еден грам, тоа се некои 30 килограми дрога користена на дневна основа. Еден грам во РС Македонија на црно чини околу 20 евра, што значи црниот пазар на дрога дневно има обрт од околу 600 илјади евра. Во моментот...

ЗА НЕКОИ КРИЗА, ЗА ДРУГИ МОЖНОСТ: ПАНДЕМИЈАТА ГО ЗАЖИВЕА ЦРНИОТ ПАЗАР НА ЛЕКОВИ

Република Северна Македонија е цел на трговијата со лекови и медицински средства, но и земја транзит. Се шверцува се – зависно од периодот. Има случаи на обиди за внес на стентови со изминат рок, во вредност од околу половина милион евра. За време на пандемијата се шверцува се – од анти-ковид терапија па се до антибиотици и витамини. Автор: Дана Ламбевска Ако порано лекови на црно се продаваа по...

КОЛКУ СЕ БОГАТИ МИНИСТРИТЕ?

Мила Царовска, Министерка за образование и наука, е на првото место на листата на министри со најмногу пријавен имот, покажува анализата на СКУП во рамките на проектот ПЕП. Најмалку имот, пак, има пријавено Лубчо Николовски, Заменик на Претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси.

ТРГОВЦИ СО ЧОВЕЧКИ СУДБИНИ: МИЛИОНСКИОТ ПРОФИТ ОД БАЛКАНСКАТА РУТА

Балканската рута беше официјално затворена во 2016 година, но остана главен извор на профит на организираните криминални групи. Во услови на голема невработеност, многу млади стануваат дел од овој илегален бизнис. Локалните заедници и невладини организации се активни на терен за градење на отпорност кон организираниот криминал, но велат дека отсуствува поддршката од страна на институциите. Министерство за внатрешни работи вели дека секоја година расте бројот на откриени обиди...

Неверојатниот пат на пријателот на Самсоненко и Камчев до изборниот бизнис со билборди

Пишува: Сашка Цветковска Предвремените парламентарни избори завршија, но потсетник за жестоките кампањски денови уште може да се види во големата бројка на билборди кои сѐ уште не нашле нови кираџии. За партиските трошоци за медиумска кампања и пропаганда се зборува многу. За јавноста особено се атрактивни државните милиони кои одат на сметката на медиумите, проследени со обвинувања за фаворизирање на леви или десни, свои или туѓи медиуми. Но, селективните...

ИЗБОРЕН МЕГДАН ВО ШЕСТКАТА: КАКОВ ИМОТ ПОСЕДУВААТ AХМЕТИ, СЕЛА, КАСАМИ И СТОЈАНОВСКА?

Лидерите на ДУИ, Алијансата за Албанците и БЕСА носители на листа во шестата изборна единица Пишува: Ангела Рачјевска и Бјанка Станковиќ Изборна единица која ги опфаќа општините од северозападна Македонија е под број шест и неа овие предвремени избори од ДУИ и Алијансата за Албанците ќе ја предводат нивните лидери, односно Али Ахмети и Зијадин Села. Изборната единица 6 опфаќа територија на 11 општини: Тетово, Гостивар, Теарце, Брвеница,  Боговиње,...

ШЕЌЕРИНСКА, ЏАФЕРИ, ДУРЛОВСКИ И РАШИДИ: КОЈ Е ПОБОГАТ?

Трка на четири искусни политичари, со прилично долги имотни листови. Пишува: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска, е задолжена да ја води петтата изборна единица, заедно со актуелниот пратеник, Јован Митрески. На чело на листата на ВМРО-ДПМНЕ е назначен оперскиот пеач Игор Дурловски, ДУИ ќе биде во петката ќе биде предводена од спикерот Талат Џафери а коалицијата АА-Алтернатива со Сурија Рашиди. Сите со...

ЗАЕВ ПРЕДИЗВИКАН ОД НИКОЛОВСКИ ВО ЧЕТВОРКАТА

Заев поседува имот вреден 728.193 евра, додека имотот на Николовски е тргнат од ДКСК заради фактот што немал државна функција од 2016 година Пишува: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Поранешниот премиер и актуелен лидер на СДСМ, Зоран Заев, во четвртата изборна единица ќе биде предизвикан од Александар Николовски, десната рака на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. На претходните парламентарни избори, одржани во 2016 година, главен противник на Заев му беше екс-лидерот...