Категорија: Истражување

УЛИЦАТА – ГОРКИОТ ДОМ НА БЕЗДОМНИТЕ (I)

Автори: Сандра Никчевска, Ива Андреевска, Моника Себиќ   Многу спомени од детството и младоста го поврзуваа Северџан Сејфула за старата куќа во Чаир. Таа куќа била купена од татко му во 1957 година, само шест години пред тој да се роди. Во овој дом израснал заедно со својот брат и четири сестри. На 32-годишна возраст стапува во брак, од кој има еден син. Но, се разведува по една година....

ТРАНСПАРЕНТНОСТ: ЦРНА И БЕЛА ЛИСТА НА ОПШТИНИТЕ

Автори: Ива Андреевска и Сандра Никчевска Дванаесет од вкупно 82 општини во Република Македонија не одговориле на ниту едно прашање на Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија од почетокот на 2017 година. Во овој период новинарскиот тим на СКУП истражуваше на три теми поврзани со работата на локалната самуправа, и тоа: за трошоците за репрезентација, за можната злоупотреба на службените возила, како и за трошењето на бензини и сервисирање. Никаков...

Топ 10-те најбогати градоначалници тежат 13 милиони евра

автори: Бјанка Станковиќ Ангела Петровска Ангела Рајчевска   На претстојните локални избори, во трката за први луѓе на општините, партиите ги предложија своите кандидати. Во 55 општини од вкупно 82, на листата на кандидати се најдоа имињата на досега добро познатите градоначалници. Само во останатите 27 општини има нови кандидати. СКУП ги обработи податоците за имотната состојба на кандидатите кои повторно ќе се кандидираат за градоначалници во овие 55...

СИТЕ МОЛЧАТ ЗА КОРУПЦИЈАТА ВО СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ

Автори: Евгенија Јанакиеска                Никола Рашо Радулов   „Бев сместена во Пелагонија и искрено требаа врски. Имав другарка на којашто и беше пријател тој што беше претседател на домот и преку него влегов, иако ги исполнував сите услови, ми требаше за полесно да влезам. И понатаму наредните години бев во Пелагонија, но не се сеќавам дали фаќав врски, но требаа-за подобри услови, за поубава соба. Живеевме четири цимерки во...

ПО ТРАГИТЕ НА ИЛЕГАЛНИТЕ РУТИ: ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ НОСИ МИЛИОНИ ЗА ШВЕРЦЕРИТЕ

Горан Лефков   Многу бегалци се удавиле во Конска река обидувајќи се илегално да ја поминат границата помеѓу Грција и Македонија. Ова река, која се протега долж граничната линија, преставуваше последна пречка за да се влезе во македонска територија. Ова река сега е исушена и не преставува веќе пречка или опасност. Но, ги нема и бегалците, кои масовно ја поминуваа во изминатите години. Во текот на денот во овој...

Канческа ноќевала во Хилтон, Шератон и Риц, а пазарела во „Версаче“ (обновено)

ДОКУМЕНТАЦИЈА Четири илјади и триста евра од личната картичка на екс-министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска се одлеале на сметката на прочуениот ланец хотели „Хилтон“ за само еден ден. Но, не од нејзината приватна сметка, туку од сметката на буџетот која ја полнат граѓаните на Република Македонија. „Хилтон“ не бил единствената дестинација на екс-министерката, која била чест гостин и на прочуените хотели „Шератон“ и „Риц“ во европските и светски...

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА (ВТОР ДЕЛ): КАФЕАНСКИТЕ ФАКТУРИ СЕ КРИЈАТ КАКО ДА СЕ ДРЖАВНА ТАЈНА

автори: Бјанка Станковиќ Ангела Петровска Ангела Рајчевска (овде може да го прочитате првиот дел) Трагајќи по вистинската слика за тоа како рационално и дали и во корист на граѓаните се однесува општинската бироктратија, новинарскиот истражувачки тим на СКУП посети повеќе општини. Преку Законот за слободен пристап до информации, се обрати до сите 82 општини. Од повеќето од нив доби податоци и документи за тоа како и на што градоначалниците...

Репрезентација: Празни дупки за полни стомаци

ДОКУМЕНТАЦИЈА автори: Бјанка Станковиќ Ангела Петровска Ангела Рајчевска Педесет парчиња јагнешко ги чинело 17.500 денари, 30 парчиња сирење – 7.500 денари а десет килограми кашкавал 3.880 денари. Вкупно 30.324 денари, или 500 евра платила општина Охрид на фирмата „Кам импекс“ за недефинирана „угостителска“ услуга.     Но, ова не е рекордот на охридската администрација. Некој оттаму во еден ден ставил потпис на фактура за потрошени 41.580 денари или околу...