Категорија: Uncategorized

Силвер Меикар- истражувачки новинар, политичар и укажувач од Естонија

Пишува: Горан Лефков Силвер Меикар е маркантна фигура во истражувачкото новинарство кој остана верен на принципите во сите позиции кои ги извршуваше во Естонското општество и во Европскиот парламент. Роден 1978 година во Тарту, започнува со политички активности уште во студентските денови, кога е избран за член на советот во градот Тарту. Образованието го завршил во родното место, каде ја започнува и кариерата.   Во 2003 година, Силвер Меикар стана...

Тројца укажувачи на нуклеарната централа на Генерал Електрик

Пишува: Горан Лефков Грегори Манор, Ричард Хабард и Дејл Брајденбах, се тројцата укажувачи кои за прв пат излегоа во јавност на 2 февруари 1976 и кажаа дека нуклеарната централа Браунс Фери во сојузната држава Алабама не е безбедна. Тие во јавноста беа познати како тројката од „Генерал Електрик“. Тие ја алармираа јавноста дека новиот начин на поставувањето на инсталацијата во нуклераните централи од првата генерација не е безбеден. Нивната...

Дејвид Франклин од Фајзер доби неверојатни 24 милиони долари заради укажување за манипулации со лекот Неуронтин

Пишува: Горан Лефков Дејвид Френклин е американски микробиолог и поранешен соработник на Медицинскиот факултет на Харвард, кој додека бил вработен во Парк-Дејвис поднел тужба како укажувач во 1996 година со која ја разоткриле нивната незаконска промоција на Неуронтин (габапентин) за неетичка употреба. Тужбата на Френклин, поднесена во име на граѓаните на Соединетите Американски Држави според qui tam одредбите на американскиот федерален и државен закон, откри нелегални практики на фармацевтската...

Џефри Виганд – човекот кој укажа на манипулациите со амониумот за засилување на дејството на никотинот во цигарите

  Пишува: Горан Лефков Тутунската индустрија е позната со манипулациите на науката уште во 50-тите и 60-тите години на минатиот век кога истураше пари по „научници“ за да ги оспоруваат наодите на вистинските научници кои излегоа со тврдењата за штетноста на никотинот по здравјето на луѓето. Џефри Виганд се појави малку подоцна, во средината на 90-тите, поточно 4 февруари 1996 година со вистината за амониумот, како засилувач на дејството...

Случајот Мерил Линч го крена Кит Скули во седумте највлијателни укажувачи

Пишува: Горан Лефков Случајот на Американската инвестициона банка Мерил Линч од 90-тите години внесе нови ветришта во индустријата со пари. Една од 5-ти големи инвестициски банки во САД, Мерил Линч, фалсификувала документи за своите менаџери и повеќе други коруптивни практики што се косат со етичкиот кодекс што самата банка го има усвоено. Така банката влегла во корупциски скандали, кои ги чинеле инвеститорите многу пари. Сето ова е дојавено од...

Ванину- човекот кој укажа за нуклеарното оружје на Изреал

Пишува: Горан Лефков Седумдесетите и осумдесетите години, се случија многу укажувања во развиените земји кои беа поврзани со злоупотребата на нуклеарните централи. Како најчести причини за укажувања беа безбедноста на централите, а втора причина беа тајните програми за развивање на нуклеарно оружје. Голем познат случај на укажување имаше во Изреал во 1986 година. Мордехај Вануну, поранешен техничар во Димона, Изреал, побегна во Обединетото Кралство и им откри на медиумите...

Марк Фелт- креатор на Вотергејт

Пишува: Горан Лефков Скандалот Вотергејт е еден од најпознатите скандали во Соединетите Американски држави во минатиот век. Настанот го добил по името според седиштето на Демократската партија во Вашингтон, на 17 јуни 1972 година. Се работи за нелегален упад во седиштето на партијата во која се вмешани луѓе од администрацијата на тогашниот американски претседател Ричард Никсон. Подоцна пред суд ќе се изнесат и преслушкувани материјали во кои се слуша...

Владимир Буковски- човекот кој спаси многу политички затвореници од психијатриски експерименти

Пишува: Горан Лефков Владимир Буковски е еден од најпознатите укажувачи во поранешниот Советски Сојуз. Негово херојско дело, е што во 70-тите години му предаде документи од 150 страници на Бил Кол, дописник на Си Би Ес Њуз од Москва. Во документите кои му ги предаде детално беше опишана психијатриската тортура која ја спроведуваше тогашната советска тајна служба КГБ, врз дисидентите и борците за слобода од комунизмот. Дејствата се случувале...