Категорија: Вести

Невладините бараат итен избор во државните институции

Десет мрежи на невладини организации, денеска, на прес конференција повикаа на итен избор и именување на кадри во повеќе институции и тела од страна на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Станува збор за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Дирекцијата за заштита на лични податоци, Агенција за слободен пристап до информации од јавен карактер, Државниот завод за ревизија, Програмскиот совет на Македонската радио телевизија, Советот...

КАЗНА ЗА „ЕКОЦЕНТАР 97“, НО НЕ СЕ ЗНАЕ КАКВА

Автор: Љубица Иванова Директорот на Државен инспекторат за животна средина (ДИЖС), Фејзула Спахија, во телефонски разговор за СКУП ни откри дека следува казна за фирмата „Екоцентар 97“. „Санкции за Екоцентар 97 ќе има“, изјави тој. Најавената казна е заради хаваријата која се случи во почетокот на месецот фабриката „Охис“, каде заради несоодветното складирање од страна на фирмата истече опасен отпад. Имено, при миење на резервоар, во кој имало остатоци...

Потпишан меморандум за соработка меѓу СКУП и ДКСК

Денеска во просториите на Државната комисија за спречувања и корупција беше потпишан меморандум помеѓу Државната комисија за спречување корупцијата и Центар за истражувачко новинарство СКУП – Македонија.  Меморандумот за соработка е потпишан со цел спроведување на активности заради воспоставување на активна соработка, размена на информации и креирање на заеднички и индивидуални активности и проекти, а во врска со транспарентноста и отчетноста на институциите како и носителите на јавни функции во државата. Во името на...

ПОВИК за доделување грантови на граѓански организации во рамки на проектот „Заедно во борба против корупција“ финансиран од Европската Унија

Центарот за истражувачко новинарство СКУП МАКЕДОНИЈА од Скопје во соработка со Институтот за човекови права (ИЧП) од Скопје и Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ од Гостивар, во рамките на заедничкиот проект „Заедно во борба против корупција“, финансиран од Европската Унија преку Програмата за поддршка на граѓанскиот сектор и медиумите ИПА/2017/392-518, објавуваат повик за доделување на грантови за граѓански организации (ГО) за акции во рамки на грантова...

Повик за истражувачки стории

Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, заедно со партнерите Институт за човекови права и Медиум, во рамките на проектот „Заедно во борба против корупцијата“, поддржан од Европската Унија, објавува повик за изработка на новинарски текстови од жанрот на истражувачкото новинарство на тема БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА.  Следствено, истражувачките стории треба да опфатат една или повеќе области од следниве поттеми: Појавни облици на случаи на корупција (индиции за нерационално трошење на...

ВТОР МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО

Во рамките на проектот „Заедно во борба против корурпција” кој го спроведуваат СКУП како носител заедно со Институтот за човекови права (ИЧП) и Медиум, денес беше одржана прес-конференција за презентација на Вториот мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство на РСМ. На истата беше истакната потребата од поголема транспарентност на Државното правобранителство особено во оние случаи кои ги засегаат граѓаните, а кои произлегуваат од потребата за заштита на правата...

ОДГОВОР НА СКУП ЗА РЕАКЦИИТЕ НА ЦАРОВСКА И ШЕЌЕРИНСКА

Почитувани министерки Радмила Шекеринска и Мила Царовска, Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија изминативе месеци ги следи промените во имотот на функционерите од законодавната и извршната власт. Во целост ги објавивме вашите реакции во врска со нашиот текст насловен „Царовска побогата за 1,3 милиони евра, Шекеринска купила мотор оутландер“, како што тоа го налага законот. Сепак, сметаме дека и ние должиме одговор на јавноста. Имено, ја разбираме вашата реакција...

Реакција на Шеќеринска и Царовска за истражувањето на СКУП Македонија

Реакција на Вашиот текст во чиј наслов е наведено дека министерката Шекеринска “ купила мотор оутландер”   Ви обрнуваме внимание дека насловот не соодветствува со одговорот кој го добивте од Кабинетот на министерката Шекеринска,  во кој јасно пишува дека се работи за моторно возило, уредно пријавено како нов стекнат имот на брачен другар, за кој е подигнат кредит од брачниот другар. Пријавувањето на промената до ДКСК ја покажува дисциплината...