Категорија: Вести

ИЗВЕШТАЈ НА ГИ: „ЦРНИТЕ АКТОВКИ“ И КЕШОТ СЕ УШТЕ ПРИСУТНИ ВО ПОЛИТИКАТА НА С.МАКЕДОНИЈА, АЛБАНИЈА И КОСОВО

Обемот на Нелегалните финансиски текови (НФТ) во Северна Македонија, Албанија и Косово е голем и дека тие се овозможени преку голем број структурни одлики на земјите од регионот: нивната поврзаност; нивните големи неформални економии со удел од 30–40% во сите три земји; и целокупната слабост на државата, државните институции и демократските култури. Ова се наведува во најновиот извештај на организацијата „Глобал Инишијатив“ (ГИ), со седиште во Виена, со наслов...

О Г Л А С за пријавување на практиканти/волонтери од областа на новинарството

Здружението-Центар за истражувачко новинарство СКУП-МАКЕДОНИЈА Скопје, има потреба од тројца практиканти/волонтери од областа на новинарството ( пишување на информативни содржини, вести, извештаи, стории, колумни и сл.) Огласот ќе трае во период од 09.07.2020-31.07.2020 година. Пријавените кандидати треба да имаат завршено најмалку средно образование- ССС или факултет-ВСС, а предност ќе имаат кандидатите кои имаат завршено студии по новинарство, или се уште студираат во наведената област. -За волонтерската работа ќе се...

Конференција Заедно во борба против корупцијата

Во рамките на проектот Заедно во борба против корупцијата финансиран од Европската Унија, СКУП ќе ја одржи првтата годишна конференција. Настанот ќе се одржи во четворток, 23 јануари во салата Милениум 2 на хотелот Холидау Ин. Во продолжение агендата за оваој настан. ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ  „ЗАЕДНО ВО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА” 23Јануари (четврток) –Холидеј Ин (Сала Милениум 2) – Скопје 09.45 – 10.00 Регистрација на учесници 10.00...

СКУП член на Советот за етика

Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија се најде на регистарот за професионални онлајн медиуми кој го изработија Здружението на новинари на Република Северна Македонија во соработка со Советот за етика во медиуми. Регистарот засега опфаќа 72-ва онлајн медиуми и истиот од јануари ќе биде достапен како веб-платформа www.promedia.mk , на која ќе има детали за сите членки.

Дополнување на објавената информација за висината на потрошените средства за репрезентација на Општина Струмица

Почитувани, Во врска со Истражувањето на СКУП, за трошоците на Општина Струмица за репрезентација, чуствуваме обврска и потреба да ги дополниме објавените информации со цел целосно и правилно информирање на јавноста. Имено, oбјавената информација за висината на потрошени средства за репрезентација е резултат на синтетичкото сметководство на Општина Струмица и вклучува трошоци за храна, пијалоци, превоз, хотелско сместување, изнајмување на сали, опрема, печатарски услуги, обезбедување, хонорари и надоместоци за...

Новогодишната елка на даски, плоштадот пак ќе се копа по празниците

Плоштад Македонија – најпрометното, но и едно од најреновираните места во градот. Простор каде што се одржале многу манифестации, собири, концерти, пречеци на спортисти, но и дочеци на Новата година. Воедно, ова место е омилено за локалните власти. Секој оној, кој што ќе седне на општинското столче ужива во креирањето планови за промена на неговиот изглед. Па така, за реконструкциите на плоштадот „Македонија“ во Скопје – за десет години...

Плоштадот „Македонија“ блесна во досега, најскапото новогодишно руво.

Градоначалникот Петре Шилегов, во петокот, го најави отворањето на Винтерленд 2020 година. Годинава за изработка и реализација на проектот за украсување и декорирање по повод Нова година, беа потрошени рекордни 285.886 евра, што претставува и најскапо новогодишно украсување досега. Како и изминативе неколку години, така и годинава, фирмата „Линк Медиа Плус“ го доби тендерот за украсување, чиј нарачател е Град Скопје.   Christmas InfographicInfogram

ОДРЕДЕНА КАЗНАТА ЗА ФИРМАТА „ЕКОЦЕНТАР 97“

Пишува: Љубица Иванова Одредена е казната за фирмата „Екоцентар 97“ заради хаваријата која се случи во почетокот на претходниот месец во фабриката „Охис“, каде заради несоодветното складирање од страна на фирмата истече опасен отпад. Од Министерство за животна средина велат дека казната е парична и изнесува 3 илјади евра. „За постапување по недолжно внимание, врз основа на Законот за управување со отпад чл.139, став 1 точка 3, во врска...