Таг Архиви: вест

СКУП член на Советот за етика

Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија се најде на регистарот за професионални онлајн медиуми кој го изработија Здружението на новинари на Република Северна Македонија во соработка со Советот за етика во медиуми. Регистарот засега опфаќа 72-ва онлајн медиуми и истиот од јануари ќе биде достапен како веб-платформа www.promedia.mk , на која ќе има детали за сите членки.

Дебата: „Истражувачко новинарство-за да се дознае вистината“

Граѓаните треба да се охрабруваат и да соработуваат со новинарите за проблемите во општеството е една од поентите кои беа изнесени на денешната дебата „Истражувачко новинарство-за да се дознае вистината“, која ја организираа Македонскиот институт за медиуми и Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија во соработка со он-лајн магазинот „Инбокс7“. На дебатата зборуваа повеќе истражувачки новинари и експерти од оваа област. Зоран Иванов,долгогодишен уредник и доајен во македонското новинарство направи...