Ванину- човекот кој укажа за нуклеарното оружје на Изреал

Пишува: Горан Лефков

Седумдесетите и осумдесетите години, се случија многу укажувања во развиените земји кои беа поврзани со злоупотребата на нуклеарните централи. Како најчести причини за укажувања беа безбедноста на централите, а втора причина беа тајните програми за развивање на нуклеарно оружје. Голем познат случај на укажување имаше во Изреал во 1986 година.

Мордехај Вануну, поранешен техничар во Димона, Изреал, побегна во Обединетото Кралство и им откри на медиумите некои докази за нуклеарната програма на Израел. Тој и ги објасни целите на секоја зграда, откривајќи и строго доверлив подземен објект директно под инсталацијата.

Интервјуто беше објавено во The Sunday Times на 5 октомври 1986 година. Според Вануну, оваа централа произведувала нуклеарно оружје 10 до 20 години. Се проценува дека можеби има околу 200 нуклеарни бомби во сопственост на израелската програма за нуклеарно оружје. Вануну им кажа се што знаеше на Френк Барнаби и Теодор Тејлор и тие ја потврдија веродостојноста на неговата приказна. Според Френк Барнаби, Вануну имал минимум познавање на нуклеарната физика што треба да го има еден техничар и точно го опишал составот на нуклеарната централа во Димона. Укажувањето на Ванину многу ги разниша безбедносните структури во Изреал. Изреалската тајна служба Мосад, реагираше веднаш.

Тие испратија жена агент по име Шерил Бентов која го намами Вануну во Италија, каде што беше уапсен и прошверцуван во Израел со товарен брод. Израелскиот суд потоа му судеше тајно под обвинение за предавство и шпионажа и го осуди на осумнаесет години затвор. Во времето на апсењето на Вануну, Тајмс објави дека Израел имал материјал за приближно 20 хидрогени бомби и 200 бомби за фисија до 1986 година. Во пролетта 2004 година, Вануну беше ослободен од затвор и ставен под неколку строги ограничувања, како што е негирањето пасош, ограничувања на слободата на движење и ограничувања за комуникација со печатот. Од неговото ослободување, тој беше повторно апсен и обвинет повеќе пати за прекршување на условите за неговото ослободување.

Амнести интернешенел издаде соопштение за печатот на 2 јули 2007 година, во кое се наведува дека „Организацијата го смета Мордехај Вануну за затвореник на совеста и повикува на негово итно и безусловно ослободување.“ Вануну е меѓународно окарактеризиран како свиркач и од Израел како предавник. И покрај укажувањето за програмата за нуклеарно оружје во Израел, израелската влада го негираше постоењето на сите наводи. Вануну е етнички Евреин Мизрахи, роден во Маракеш Мароко, кој емигрирал во Израел, по неговата независност во 1948 година.

Оставете коментар

коментар(и)