Пишува: Горан Лефков
Владимир Буковски е еден од најпознатите укажувачи во поранешниот Советски Сојуз. Негово херојско дело, е што во 70-тите години му предаде документи од 150 страници на Бил Кол, дописник на Си Би Ес Њуз од Москва. Во документите кои му ги предаде детално беше опишана психијатриската тортура која ја спроведуваше тогашната советска тајна служба КГБ, врз дисидентите и борците за слобода од комунизмот. Дејствата се случувале во Психијатриската болница во тогашниот Ленинград, а настрадале, дисидентите и граѓаните кои не се согласувале со режимот на Бережњев. Тие биле затворани здрави во исти соби со психички болни пациенти и биле труени со психијатриски лекови без да знаат.
Знаејќи дека нема право да излегува од СССР, тогашниот дисидент Владимир Буковски стапил во контакт со дописникот на Си Би Ес Њус од Москва. Бидејќи Буковски бил под постојана опсервација на руските тајни служби се договориле да одат на излет заедно со нивните семејства во шума во околината на Москва, каде Буковски му ги предал документите и на Бил Кол и му дал видео интервју. Тоа подоцна било објавено во телевизијата, но беа потребни 3 месеци, тој видео материјал да се прошверцува надвор од СССР и да стигне до САД.
Пишаните материјали за злоупотребите на дисидентите беа објавени на 12 март 1971 година во The Times, како пишани документи испратени од Француската група за заштита на човековите права. Истите материјали беа објавени и од British Journal of Psychiatry.
Со овие натписи, на состанокот на Светската психијатриска асоцијација во ноември 1971 година, Буковски се обрати и побара истрага за злоупотреба на 6 луѓе. Неколку години медиумите вршеа силен притисок врз Светската психијатриска асоцијација, по што на шестиот нејзин конгрес во 1977 години се донесе одлука да се истражат 9 случаи на лажна психијатриска дијагноза на неколку советски психијатри. Истрагата заврши во 1983 година, со одлука дека советската психијатрија е виновна, а тие пак го напуштија членството во Меѓународната асоцијација за психијатрија, за да избегнат исклучување.
Владимир Буковски беше уапсен на 29 март, 1971 година беше затворен и осуден заради деградирање на советската психијатрија на 2 години затвор, и подоцна во 1976 година беше депортиран од СССР и беше разменет со затворениот генерален секретар на Кумунистичката партија на Чиле, Луис Корвалан. Размената се случи на меѓународниот аеродром во Цирих.
Подоцна живее во западна Европа, магистрира Биологија на Универзитетот во Кејмбриџ и починува таму во 2019 година.
Извршува повеќе почесни функции како укажувач, а во 1977 година во Белата куќа го прима и тогашниот американски претседател Џими Картер.