Прв водич за известување за наука за новинари во Македонија

Наука, технологија и истражување – практични упатства за модерно новинарство“ е прирачник изготвен од двајца искусни новинари од Северна Македонија, кои даваат корисни сознанија од сопствените искуства за многу приказни што ги објавиле низ годините.

Неделава е објавен е нов практичен водич кој ќе им помогне на новинари кои известуваат за науката во Северна Македонија.

Фокусот на водичот е во технолошкото новинарство и истражувачкото новинарство применето во науката, животната средина и здравјето/медицината.

Водичот е објавен од Балканската мрежа на научни новинари и Европската федерација за научно новинарство и е достапен на веб-страниците на BNSJ и EFSJ.

Објавувањето на водичот е овозможено преку поддршка на EurekAlert!, платформа за соопштенија за наука управувана од непрофитната Американска асоцијација за унапредување на науката (AAAS).

Еден коавтор на водичот, истражувачкиот новинар Горан Лефков, смета дека овој водич е многу важен за новинарите во Северна Македонија бидејќи ги користи македонските услови за пишување стории за научно новинарство. Комбинацијата на техниките на истражувачкото новинарство со темите за научно новинарство треба да обезбеди добра основа за влијателни научни стории во иднина. Водичот ќе биде применлив за новинарите во Македонија и ќе обезбеди дополнително знаење и вредност за медиумските работници во Северна Македонија.“

Другиот коавтор, новинарот за технологија Бојан Стојковски, рече: „Технологијата стана неразделен дел од нашиот секојдневен живот, а новинарството не е исклучок. Додека сме сведоци на брзиот напредок на вештачката интелигенција, писменоста за вештачка интелигенција исто така ќе стане суштинска компонента на новинарската пракса. Со овој водич, имаме за цел да поставиме темели за следната генерација новинари и се надеваме дека, преку сопствените искуства во годините и децениите што доаѓаат, ќе градат врз него и ќе помогнат во обликувањето на нови насоки за професијата.“

„EurekAlert! и AAAS длабоко веруваат дека независното новинарство е од витално значење за демократијата и одговорното научно претпријатие“, рече Брајан Лин, директор за стратегија за уредничка содржина во EurekAlert!. „Благодарни сме за можноста да го поддржиме овој практичен водич во контекст на Северна Македонија.“

Иницијативата претходно објави водичи за научно новинарство, некои од нив се и први од ваков вид, на хрватски, словенечки, унгарски, романски, албански, бугарски и турски јазик. Следниот планиран е на грчки јазик.

„Продолжуваме да создаваме корисни водичи за луѓето во поширокиот балкански регион кои сакаат да учат за научното новинарство, да влезат во професијата или само да ја подобрат својата тековна пракса“, рече Мичо Таталовиќ, член на одборот на Балканската мрежа на научни новинари, кој го координираше проектот.

„Силната страна на овие водичи е во тоа што се изработени од искусни локални новинари кои ја разбираат медиумската слика во нивната земја и даваат релевантни совети од сопственото искуство, а истовремено се потпираат на најдобрите меѓународни практики.“

Пошироката иницијатива организира и семинари за научно новинарство во регионот, поточно во Загреб (2023), Љубљана (2024) и Белград (2025). Овогодинешниот семинар ќе се одржи во септември во Приштина, Косово.

Г.Л.

Оставете коментар

коментар(и)