Дебата: „Истражувачко новинарство-за да се дознае вистината“

Граѓаните треба да се охрабруваат и да соработуваат со новинарите за проблемите во општеството е една од поентите кои беа изнесени на денешната дебата „Истражувачко новинарство-за да се дознае вистината“, која ја организираа Македонскиот институт за медиуми и Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија во соработка со он-лајн магазинот „Инбокс7“. На дебатата зборуваа повеќе истражувачки новинари и експерти од оваа област. Зоран Иванов,долгогодишен уредник и доајен во македонското новинарство направи споредба со условите во кои во 80-тите и 90-тите работеле новинарите и сега. Горан Лефков, новинар на СКУП-Македонија зборуваше за тоа како да се следи трагата на парите во изработката на истражувачката сторија, додека неговиот колега Влатко Стојановски од „Фокус“ зборуваше за анимирање на граѓаните во процесот на изработка на истражувачките стории. Мери Јордановска од БИРН-Македонија ја презентираше нејзината работа на истражувањето за „Скопје 2014“ и како сторијата полесно да се презентира пред граѓаните.

На дебатата беа презентирани и кратки видео-клипови за важноста на истражувачкото новинарство за граѓаните. Дебатата е дел од четиригодишниот проект “Медиумска опсерваторија на ЈИЕ“, поддржан од ЕУ. Целта на проектот е унапредување на медиумските слободи и на медиумскиот плурализам, како и поттикнување на медиумски реформи во земјите на ЈИЕ.

Брошурата за овој проект можете да ја симнете овде.

Оставете коментар

коментар(и)