ДОДЕКА ЛОКАЛНИТЕ ИНСТИТУЦИИ СИ СПИЈАТ – ДИВИТЕ ДЕПОНИИ СИ ВОСКРЕСНУВААТ

Нејзиното повторно никнување е очигледен доказ дека цели сто дена, никој од општинските или од градските власти не заскитал, не прошетал натаму за да го види резултатот од фалбите на градоначалниците.

Деновиве фрапантна вест пренесоа сите медиуми. Дивата депонија во скопската општина Карпош која само пред неполни четири месеци беше расчистена и повторно „свечено“промовирана во зелене еколошка зона, воскресна.

На истата локација која граѓаните од тој дел на Скопје со години упорно од општинските власти бара да биде расчистена, за стотина дена, депонијата повторно воскресна. Повторно тони и тони секаков отпад. Од биолошки разградлив, од обичен домашен смет спакуван во најлонки од скопските маркети до делови од намештај, од плакари, столови и изветвени сомотски двоседи и троседи, преку раскантани фрижидери и разноразни печки, радијатори и тоалетни галантерии до цели бетонски блокови и здробени тули од асортиманот на на кабастиот градежен шут.

Краткотрајно беше задоволството на жителиоте од делот на градот во близина на спортската сала „Борис Трајковски“ но и на бројните намерници кои катадневно пеш или на велосопед го обиколуваат овој атрактивен сопртско рекреативен регион во близината на тој дел на реката Вардар.

„Овој пламен есимболот на Република Депонија“, саркастично прокоментира загрижен граѓанин додека пожарникарите го гасеа огнот што намерно или ненамерно е запален. Густиот чад се издигаше до небото, задушливата миризба го преплави просторот зафајаќи го речиси целиот Градски парк.

А не поминаа ниту цели четири месеци откако  пред телевизиските камери градоначалниците на Скопје и на општината Петре Шилегов и Стефан Богоев, од местото на децениската депонија гордо изјавија дека на скопјани им даруваат уште еден одржлив еколошки подарок.

Петре Шилогов, градоначалник на Скопје, април 2020: „Ова е акција на градот Скопје и на општина Карпош за чистење на депонијата позади спортската сала „Борис Трајковски“. Вклучени се и јавното претпријатие „Водовод и канализација“ како и општествено одговорни градежни компании. Целта е овој простор да го доведеме во нормална ситација со цел никогаш повеќе ова место да не го загрозува воздухот во Скопје и да не се загрозува животната средина. Ќе продолжиме до целосно расчистување на оваа депонија, а нашата крајна цел е да го израмниме теренот за да го подигнеме третиот дел од градскиот парк, нешто што го ветивме на граѓаните во текот на изборната кампања“.

И за само од пролетоска до сега не остана ништо  од тој дар. За само стотина дена депонијата воскресна на истото место и во истиот обем. Со сите депониски карактеристиики.  Земјата и тревниците околу просторот исшарани со траги од тркала од камиони, а ситниот смет и габаритниот отпад повторно се стремеа кон освојување на височините на просторот.

Да не се запалеше, да не дојдоа на гасење дури четири противпожарни возила ос скопската противпожарна единица, оваа  обновена дива депонија и натаму ќе дивееше, ќе рушеше рекорди во кубиците натрупан отпад на диво и и натаму ќе дивееше.

Глупаво е постојано да се повторува дека највиновни се несовесните граѓани на кои  или тој простор од кој создаваат депонија им е „при рака“ или  разните фирми и индивидуалните градители да плаќаат за организирано носење на градежниот шут при реновирањето на разните објекти.

Дека кај населението граѓанска свест и совест ја нема или барем ја нема кај доминатен дел, тоа е сосема  јасно. Но, исто така, е сосема јасно и дека институциите, конкретно општинските и градските служби, како да ги преспале стоте дена од пртетходното  расчистување на посочената дива депонија. Нејзиното повторно никнување е очигледен доказ дека откако пред нешто повеќе од три месеци скопското комунално и други претпријатија го расчистија просторот, отогаш до денес, цели сто и кусур дена дена, никој од општинските или од градските власти не заскитал, не прошетал натаму за да го види резултатот од фалбите на градоначалниците.

Статистика: Лани во земјава се создадени над 800 тони отпад или близу 400 килограми по жител. Тоа се бројки на евидентиран, собран и организирано депониран отпад. Прогнозите се дека дури 200 илјади тони отпад остануваат расфрлан насекаде по државава, а најмногу на евидентираните но диви депонии како онаа со примерот на темава во скопската општина Карпош.

И додека тие спиеле по своите канцеларии сметајќи дека конечно ја откорнале децениската дива депонија, како да не разбрале дека не успеале да ги искористат  децениските навики  на граѓаните и фирмите „автори“ на оваа дива депонија.

И сега „јово наново“. Пак и пари и ресурси и време ќе се трошат за да се сработи нешто кое  што туку беше сработено. А веројатно ќе беше доволно само по еда катдневна куса службена, па и приватна, зошто да не, прошетка на местото на „злотсторството“ и повторното раѓање, поточно повампирувањето на оваа дива депонија, сигурно немаше да се случи.

Стефан Богоев, градоначалник на општина Карпош, април 2020: Апелирам и предупредувам дека секое несовесно постапување, секое палење и одлагање на шут, смет и ѓубре на несоодветни места, односно на места што не се организирани депонии, ќе биде најстрого казнето и санкционирано“.

Секако, обврска е на институциите, ќе паднеше по некоја пријава, по  некоја мандатна казна и по  некоја парична глоба за истурање отпад на недозволено место, уште и на зелена површина, ќе се запленеше по некое возило и – навиката ќе имаше и`одвика.

Вака, пожарникарите со неколку противпажарни возила го изгасија огнот, комуналците на градот подрасчистија по нешто, градоначалниците овојпат не се огласија па за верување е дека и покрај нивните „победоносни“ насмевки пред телевизиските камери од пред стотина дена од тоа место, „судбината“ на просотрот и сега повеќе инклинира кон обновена депонија отколку кон ветената зелена зона.

Во Македонија има стотици диви депонии и загадени индустриски локалитети. За кусо се понадевавме дека една, оваа во општина Карпош е сигурно ммртва и минато. Но попусто, таа повторно живна.

 

ВЕСТИ:

Тв канал 5: Гори депонијата кај СЦ „Борис Трајковски“. Три противпожарни возила, а осуммина пожарникари го гасат пожарот.

Тв 21: Во центарот на Градот, блиску до кејот на Вардар, до населено место и до спортската сала „Борис Трајковски“, неколку часа гори дива депонија. Чад и смрдеа се шири наоколу. Пожарникарите со 3 возила го гаснат огнот.

Слободен Печат: Утринава е забележан голем чад позади СЦ „Борис Трајковски“во Скопје, а од противпожарната служба велат дека станува збор за запален отпад, кој зафаќа помала површина, но е проблематичен за гасење. Се работи за градежен шут и отпад.

Алсат-М: Гореше дивата депонија во скопската општина Карпош. Огнот пеплоса стар мебел, гуми, пластични шишиња, шут, кои беа фрлени на само неколку метри од салата „Борис Трајковски“. Пожарот избувна утрово, а го гаснеа пожарникари со три цистерни.

Нова Македонија: Густ чад и лош мирис се проширија низ Карпош откако дивата депонија во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“ повторно е во пламен, при што огнот го зафатил натрупаниот отпад, како и дрвја, пренесуваат повеќе медиуми.

Пред неколку години Министерство за животна средина и Агенцијата за просторно планирање и заштита на животната средина на кралството Шведска потпишаа протокол за соработка со цел и кај нас да се применат шведските искуста  во справувањето со сметот и за елиминирањре на диви депонии и посебно за третманот и управувањето со нестандардните депонии. Но студијата што на земјава и ја подари шведската агенција уште стои во некоја од фиоките во бирократските кабинети.

Се разбира, државата е главниот виновник за расфлениот отпад насекаде и за дивите депонии. Но и граѓаните. Градежен и друг вид отпад сè уште се фрла покрај патишта, во коритата на реките, излетничките места осамнуваат со купишта смет, а на површината на реките плови пластика.

Затоа, пред портите на ЕУ на потег се и граѓаните. Но, пред се`, на потег е државата и нејзините институции. Да не ни се случува да ни никнуваат депонии додека тие си спијат.

Автор: Луна Иванова, волонтер – млад новинар

Авторот е волунтер во рамките на институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС

 

Оставете коментар

коментар(и)