Д-р Здравко Крстановски е лимнолог, професор по биолошки науки, поранешен директор на Хидробиолошкиот завод во Охрид.
Секогаш треба да се има предвид дека таа крајбрежна линија од педесет метри е флексибилна и треба да се одредува кога водостојот на Охридското езеро е највисок, а не да се мери кога е најнизок. Ете, и тука е играта со дивоградбите.
СКУП: Прво за езерото, постојано стани падни, те паника дека е преполно, те пак паника кога водостојот е пренизок. Што се случува, има ли грешки во одржувањето или е во прашање урбанизацијата на водениот потенцијал?
Здравко Крстановски: Во врска со водостојот веројатно голема грешка е направена шеесеттите години oд минатиот век кога езерото стана и акумулација за производство на електрична енергија, а без притоа да се води сметка за неговото значење од сите аспекти за опстанок на живиот свет. Знаете, пресечен е и патот на јагулите до морето. Исто така, не е решен ниту проблемот со нерегуларниот истек на езерските води преку Црн Дрим. Не се почитува режимот на користење на езерските води од страна на хидроцентралите. Согласно студијата од 1978-ма година, во текот на годината централите можат да користат само 65 см воден столб, а дивеењето со урбанизацијата, со дивоградбите, тоа е посебен феномен кој е таложен со години наназад.
Па, ако проблемот се влече со години, тогаш зошто се толерира со години, посебно со дивоградбите?
Прво треба да дефинираме штое тоа „дивоградба“? Јас лично мислам дека под дивоградба се разбира секоја градба која покрај основната документација има потреба и од еколошки елаборат, а тоа го нема. Ова посебно го истакнувам за Охридско – преспанскиот регион каде што се сместени Преспанското Езеро и Охридското Езеро, посебно Охридското поради големото научно значење покрај другите значења за ова езеро.
Спомнавте „еколошки елаборат“, што би требало тој да содржи?
Еколошкиот елаборат во главни црти треба да ги содржи сите оние елементи кои, од една страна, нема да придонесуваат за загадување на средината, а од друга да даде одгвор како ќе се решат сите проблеми кои не се предвидени во проектниот елаборат. Освен тоа, елабортатот треба да ги предвиди и другите околноисти кои би можеле да се појават во текот на градбата. Еве, да појдеме од страт, како, на пример, тоа градилиште ќе се снабдува со електрична енергија, како и каде ќе се сливаат отпадните води, дали има колектор или нема, дали има прикллучок за колектор или нема, земјиштето под објектот од каков тип е, порозно, не порозно, ќе треба ли септички јами, не ќе треба ли септички јами, ако треба каков тип на септички јами ќе треба. Елаборат е обемна материоја која тредба да ги предвиди сите елементи.
Еколошкиот проект, практично е специфичен за секое подрачје. Сите еколошки пректи не би можеле да бидат исти за територијата на целата држава. Сите имаат свои спцифики. Не може да биде ист за охридски регион, или за преспанскиот, сеедно. Тој ќе биде различен во источните делови на Македонија каде што има рудници каде што ќе има елементи како да се заштитат луѓето, населението од рудата, од нејзината преработка и така натаму.
Ваш примарен професионален интерес отсекогаш било Охридското Езеро и животот во него. Колку објектите, дивите објекти или објектиоте без еколошки елаборати, го загрозуваат езерото?
Станува збор за едно олиготрофно езеро, преведено тоа би било езеро сиромашно со храна или уште поточно кажано, езеро на кое му прретстои долг период на живот. Ова, бидејќи езерата како ефемерни творби кои се создавани во геолошките периоди, постепено природно изумираат и од олиготрофни поминуваат во мезотрофни и тој процес продолжува до нивното исчезнување. Во тој контекст, како негативна последица е ентропогеното влијание на човекот кој, патем кажано, е дел на природата. Но тој, ова посебно го истакнувам, не ги почитува законите на природата и во тој контекст се и дивоградбите. Значи, ако ние почнуваме на крајбрежјето да градиме вакви или онакви објекти, помали или поголеми и ако при тоа не се решени прашањата за инфраструктурата, отпадните води, фекалкинте и ако сето тоа влегува во езерото, тоа е катастрофално по езерото и по целокупниот жив свет во езерото и крајбрежјето.
Во овој контекст посебно сакам да истакнам дека дивите објекти кои се градат во близина на езерото, било тие да се во Охрид во градот или надвор од градот. Исто и за Струга. Треба да се знае дека според закон објектите треба да се зад крајбрежната линија на езерото, а тоа е педесет метри. Притоа, секогаш треба да се има предвид дека таа крајбрежна линија од педесет метри е флексибилна и таа треба да се одредува кога водостојот на Охридското езеро е највисок, а не да се мери кога водостојот е најнизок. Ете, значи тука е играта со дивоградбите.
Ете, и тука е играта со дивоградбите. Едноставно, ќе се изгради објект, па дури потоа кога ќе дојде инспекција и го прашува инвеститорот како е ова, како е она, зошто е ова вака, ова онка, тогаш тој бара моменти да се мери кога е водостојот најнизок за практично да има законско оправдување дека објектот не е дивоградба и дека е подигнат на законска дистанца од езерото. А всушност, инвеститорот претходно, пред да почене да со градба, требал да ги има сите потребни мерења и документи.
Но, не само што езерото е загрозено, туку е нарушен и самиот изглед на крајбрежјето. Впечаток е дека се гради на кој каде ќе му текне и како ќе му текне и по површина и по височина што е штетно нме само за самото езеро туку и за градот. Зашто таквите објекти без оглед дали се диви или ќе бидат легализирани, го нарушуваат контекстот езеро – град и таквите не му служат на градот. Тие како бариери, како ѕид го попречуваат движењето на воздушните маси од езерото кон градот и обратно, од градот кон езерото. И затоа, при погуст сообраќај, на пример, доаѓа до спречување на проветрувањето, до загадување на воздухот и до таложење на штетни материи по здравјето на луѓето.
Е, сега, колку сето тоа, таквата урбанизација и таквото попречување на природните текови на воздухот, влијаат и врз живиот крајбрежен свет?
Катастрофално е. Прво, еве, птиците ги спречува физички на релацијата копно вода и вода копно и второ, здравствено ги загрозува. Еве свеж пример од ова време на пандемија. Кога беа карантините, кога беше спречено движењето на луѓето, птиците, посебно лебедите, почнаа да го заземаат просторот и да се движат кон градското јадро на Охрид, кон центарот на градот. Тие едноставно се ослободија и го зафатија оној простор за кој мислат дека им припаѓа. Се одалечуваа и по стотици метри од езерото, се движеа на плочникот меѓу спомениците и во чаршијата. Тоа беше една интересна појава кога птиците слободно се движеа како во свој дом.
Автор: Виктор Иваноски – млад новинар, волунтер во институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.