МЕЃУ ОБВРСКАТА ЗА РАБОТА И ОПАСНОСТА ПО ЖИВОТОТ

Под притисок на јавноста Владата не ја преиначи вњеќе прифати препораката на Комисијата за заразни болести и го одложи почетокот на одење на работа на хронично болните граѓани.

„Здравјето пред се`, нели?

Пандемијата со Корона вирусот ги измести ситре пред пандемски правила и навики во сите сегменти од живот. Во економијата, образованието, спортот, културата, социјалниот живот. За здравјето и да не говориме. Последново, здравјето, оваа најкруцијална област за едно здраво современо општество веѓе ги нагласува големит6е последици по здравствениоте системиу  не само кај нас. Но  во нашата држава како земја со скромни економслки со тоа и здравственни потенцијали, последиците ќе бидат уште понагласени.

Познато е дека Корона вирусот најмногу ги погодува хронично болните. Во Република Северна Македонија, деновиве една здравственма статистика објави дека се евидентирани дури преку стотина илјади пациенти со хронични болести од сите виодови. Секако повеќерто од ниув не се, како што велат медицинарите, животно загрозувачки. Но страввот и целата негативна психоза, состојба на претпазливост до страв што ја наметна Корона амбиентот, оваа категорија луѓе ги направи уште повнимателни, поплашливи по своето здравје.

Евидентно е дека граѓаните пациенти со хроничните заболувања од типот на дијабетот, кардиоваскуларните заболувања, од пулмолошките слабости и од уште цела лепеза други болести, имаат големи причини  за стравувања по својопт живот. И медиумите во своите извештаи повикувајчи се на медицински извори, катадневно објавуваат вести за починати сафатени со корона вирусот кои биле во категоријата хронично болни пациенти.

Поради овие причини, деновиве во македонската јавност се крена галама. Бурни реакции на револт токму на хронично болните граѓани, а поради одлуката на Комисијата за заразни болести хронично болните лица да се вратат на работа. Се активираа Здруженијата на граѓани чии активности се поврзани со одредени хронични

или ретки болести со цел да ја предупредат владата да не  избрзува со враќање на хроничните на работа од причина  што тие по дефиниција се најранливата категорија подложни на заразување со смртни последици поради коронавирусот.

Во одбрана на владината одлука, министерпот за здравство Венко  Филипче деновиве изјави:

Овозможуваме секој хронично болен пациент, кој навистина треба да биде ослободен од работа, да посети специјалист и да јдобие соодветната потврда дека не е во состојба да биде на своето работно  место. За таа цел, за да се избегнат гужвите кај соодветните лекари специјалити пуштивме дополнителни термини, аокот ќе биде пролонгиран доколку до дадениот рок, крајот на месец цептември пациентите не стигнат да ги обезбедат потврдите.

Од граѓанските здруженија, меѓутоа, не попуштаат. Некои  од нив излегоа со предлози одлуката на Комисијата за заразни болести владата да ја одложи до крајот на оваа година. Ова посебно поради фактото што и нашите здравсвени власи а и Светската организација СЈО за оваа есен и зимата најавуваат нов критичниот период, нов бран Ковид 19.

Неодамна на прес конференција, Милан Младеноски од едно од неколкуте нефролошки граѓански здруженија излави:

„Па нели ќе има есенски бран од Ковид 19? Ако тоа го знаат нашите, а на тоа предупртедува и СЈО, тогаш  навистина е многу некоректно и неодговорно хронично болните практично на сила да се туркаат  да се вратат на своите работни местса. Да бидат секојдневно во контакт со многу луѓе и неконтролирано да го изложат својот живот пртед опасниот вирус“.

Секако, најдобар информатор и превенер за состојбите со хронично болните е пак статистиката. Имено, податоците од Институтот за јавно здравје, е дека од вкупниот број починати од вирусот, цели деведесет проценти пациенти биле со претходни хронични заболувања.

Во целата таа „галама“ околу тоа дали хронично болните ќе треба овој месец да почнат со работа или пак одлуката на Комисиата за заразни болести ќе биде поролонгирана од страна на македонската влада,се впушти и Министерството за труд и социјална политика. Од ова министерство малку неочекувано но излегоа со подршка за хронично болните, но и за бремените жени и за самохраните родители со став за одлагање на препораката на Комисијата. Во соопштението на МТСП стои:

Мерката за ослободување од работа на хронично болните лица, продолжува да важи. Истото се однесува и за бремените жени, самохраните родители и другите ранливи категории граѓани. Исто така и зародителите на дете до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, за родителите на деца со попреченост кои користат дневен центар, потоа за лицата кои одат на работа со придружба, за потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост. Сите овие категории граѓани се ослободени од работа или доколку има можност тие ќе можат да работат од дома. Министерството за труд и социјална политика укажува дека работодавачите имаат обврска да ја почитуваат мерката за ослободување од работа на наведените категории граѓани“.

Владата на Република Северна Македонија, по барање на Министерството за труд и социјална политика, ја продолжи мерката за ослободување од работа на наведените категории граѓани сè додека Комисијата за заразни болести подготви соодветни протоколи за работа, дејствување и однесување на работно место за овие категории граѓани.

Во подршка на пациентите со хронични заболувања и на нивните бројни здруженија реагитаа и лекари и  друг  медицински парсонал, посебно од клиниките каде што  се згружуваат заразените од Коронавирусот. На социјалните мрежи се огласи ид-р Нико Беќаровски, директорот на Клиниката за токсикологија:

„Почитувани членови на Комисијата за заразни болести, поминаа 33 години од денот кога го полагав испитот Епидемиологија со социјална медицина, кај Проф. Јанев, но и ден денес ги паметам неговите зборови, дека во секоја епидемија младите се челичат, возрасните заболуваат, а хроничните болни и постарите “патуваат”. Затоа, не учеше професорот, изолирајте ги ризичните категории“.

Со отворено писмо дои Владата на Република Северна Македонија се обратија и поголема груша граѓани со хронични заболувања. Во него, меѓу другото, пишува:

„Во текот на изминативе 6 месеци, хронично болните лица, врз основа на одлуката на Владата и препоракит на Владата, своите работни задачи ги извршуваа од дома кај кои тоа беше возможно, а останатите останаа дома почитувајќи ги сите мерки. Повеќето од хронично болните лица, сосема се дистанцираа од социјалните дружења и максимално ги почитуваа препораките на Владата и непотребно не излегуваа од своите домови. Пред се заради сопственото здравје, а понатаму и за да не го оптеретат и така кревкиот здравтсвен систем на државата.

Сакаме да нагласиме и дека Владата е наш партнер, а не противник со што длабоко се надеваме дека ќе ни помогнете да ја пребродиме оваа криза заедно, притоа не заборавајќи дека и ние сме нечии деца и ние сме нечии родители и ние сме граѓани на оваа земја што сакаат да заработуваат и да придонесуваат, но не по цена на сопственото здравје.

4.

Со овој допис бараме да ги разгледате сите моменти и да ни излезете во пресрет со тоа што ќе се продолжи физичкото отсуство од работа на хронично болните лица со потврдите од матичен лекар се додека трае пандемијата со Корона вирусот, притоа тргнувајќи од почитување на основното право пропишано и во Уставот на земјата, -правото на живот“.

Автор: Виктор Иваноски, волонтер – млад новинар

Авторот е волунтер во рамките на институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Оставете коментар

коментар(и)