Мистеријата на зградата на Телеком: во центарот на Скопје, а „невидлива“ за институциите

Општина Центар нема никаква архива за зградата на Телеком, впечатлива осумкатница во Центарот на Скопје. Изградена веднаш до Камениот мост и лоцирана на самиот плоштад Македонија, оваа зграда е обвиткана со мистерија. Освен страните, никој не знае за колку пари е купено земјиштето, колку данок е платено за оваа зграда и колкави комунални давачки се платени за нејзе. Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајлоски дури не знае која зграда е на Телеком.

„Во архивата на општина Центар нема архивска кутија за посочениот објект, односно нема никакви материјали, списи како би можеле службите од Урбанизмот на општина Центар да ви одговорат на вашите прашања“, се вели во официјалниот одговор од Општина Центар на барањето кое СКУП-Македонија го постави користејќи го Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Dokument 1 Centar

Според познавачите на локалните закони кои ги консултираше СКУП, Општина Центар мора да поседува некакви податоци за одреден објект за на истиот да му се издаде решение за градба. Тие велат дека пред да се издаде решение за градба треба комисија да излезе на терен и да види колкава е површината на објектот.

Експертите се убедени дека за тој објект треба да се утврди данок на имот, а за да се утврди овој данок мора да се знае површината на објектот.

 

КАКО ДИВЕЛОП ГРУП ИНКСАИРА 33 МИЛИОНИ ЕВРА

 

telekom upravna zgrada tablaМакедонски Телеком на акционерското собрание од 22 март 2011 година донесува одлука за преотстапување на 3 згради за сегашната управна зграда на компанијата. Поранешен сопственик на зградата на Телеком беше Дивелоп Груп, фирма која во официјалните документи се води дека е во сопственост на Александар Ивановски од Скопје. Неговото име се појавува и во неколку други фирми, како „Бет Ком“, „Нониет“, „Итали мода“ и „Имка Инженеринг“.

Телеком ги отстапи сегашната зграда на Комерцијална банка, сегашната зграда на Охридска банка и зградата на Алмако банка, и доплати 16,6 милиони евра (во 6 годишни рати) за моменталното седиште на Телеком.

Komercijalna Mepso i Ohridska (7)

Комерцијална банка

Вкупната проценета вредност на сегашната зграда на Телеком е 37.3 милиони евра. Вкупната површина на оваа зграда е 5.500 метри квадратни.

Ако се претпостави дека градежната вредност изнесува околу 500 евра за метар квадратен, излегува дека градежната вредност на парцелата е околу 3 милиони евра.

Компанијата Дивелоп Груп две години подоцна едната зграда ја продава на Комерцијална банка за 9,8 милиони евра. Додека, на Охридска банка ја продава зградата само две години подоцна за двојно повисока цена – ја превзема по 3,7 милиони, а ја продава за 5,7 милиони евра.

Komercijalna Mepso i Ohridska (5)

Вкупно Дивелоп Груп од оваа трансакција наплатува околу 33 милиони евра, и плус во нивна сопственост останува зградата на Алмако.

Вкупно од трансакцијата со Телеком, каде државата е втор акционер со удел од 35%, резултира дека Дивелоп Груп заработил околу 30 милиони евра.

 

МИНИСТЕРОТ „НЕ ЗНАЕ“ КОЈА Е ЗГРАДАТА НА ТЕЛЕКОМ

 

„Кои се учесниците и самото наддавање за продажбата на КП 12072/4 катастарска општина Центар? Кои комуналии се платени за КП 12072/4 (Зграда на Телеком) и која фирма ги плати комуналиите? Купопродажни договори од изградбата до сегашниот сопственик на објектот на КП 12072/4“.

min transport vrski tabla

Овие барања ги испрати СКУП до Министерството за транспорт и врски, користејќи го законското право за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Но, наместо одговори од Министерството ни побараа дополнителни податоци кои може да ги поседува само една државна институција.

„Барателот е потребно да ја наведе градежната парцела која е предмет на продажба, катастарската општина, деловодниот број и датумот на управниот акт по кој била заведена постапката, име и презиме на подносителот на барањето, учесник во постапката или деловоден број и датум на склучен договор, име и презиме на купувач“ се наведува во одговорот на Министерството за транспорт и врски.

(кликни овде за целиот документ)

dokument 2 Ministerstvo za transport_Page_2

Документи побаравме и во Телеком. Од таму не известија дека договорот што го имаат потпишано со Дивелоп груп е класифицирана информација.

Dokument 3 Telekom

Поднесовме повторно барање до Телеком да ни ја скенираат првата страница од договорот за замена на зградите, на која стои печатот дека информацијата е класифицирана, но до денес таков документ од таму немаме.

 

КОЈ СТОИ ПОЗАДИ ДИВЕЛОП ГРУП?

 

Како што пишува порталот Нова ТВ: „Компанијата Дивелоп груп, блиска до Орце Камчев, кој е пак кум на Сашо Мијалков, поранешен шеф на Државна безбедност и контраразузнавање. Мијалков е и прв братучед на поранешниот премиер на Македонија и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.“

Во објавените прислушкувани разговори од страна на опозицијата во проектот „Вистината за Македонија“, имињата на овие функционери, беа често повикувани. Овие разговори родија многу сомнежи за криминал.

Матни игри околу Македонскиот Телеком, преку фирмата „Ексико“ има уште во 2004, 2005 и 2006 година, кога според поранешниот разузнавач Слободан Богоевски се префрлале пари, за да се одложи либерализацијата на пазарот на телекомуникациски услуги. За овие трансфери судска постапка против македонски функционери се води и во судот во Њујорк.

(„Сторијата е поддржана од ЦИН СКУП Македонија во рамките на НЕД проектот “Подигнување на јавната свест против корупција преку истражувачко новинарство”.)

Оставете коментар

коментар(и)