Со седиште во Тетово, Мултикултура е водечка организација за граѓански права што промовира активизам и учество на младите во донесување одлуки и развој на културна и меѓуетничка толеранција и соработка, основана во август 2000 година.
Здружението, која е грантист и на ЦИВИКА МОБИЛИТАС, брои повеќе од 100 активни членови, чиј број постојано се зголемува. Околу 30 волонтери учествуваат во организирање, управување и спроведување активности. Доброволниот форум, како едно од органите на здружението, го сочинуваат самите волонтери.
Програмскиот директор на Мултикултура, Арлинда Мазлами, вели дека главниот приоритет за работењето на здружението е зајакнување на меѓуетничките односи преку едукативни програми за поддршка на толеранција, мир и разбирање.
Според неа, главните цели на здружението се активно учество на младите во донесувањето одлуки на локално и национално ниво; интеркултурен дијалог на национално и меѓународно ниво; толеранција и мирно решавање на конфликти; намалување на невработеноста и понатамошна социјална интеграција на младите; бесплатна правна помош итн.
„Мисијата на мултикултура е градење на хармонично, мултиетничко општество“, вели Мазлами. „Мултикултура е водечка организација за граѓански права преку промовирање на младинскиот активизам, учество во процесот на донесување одлуки и развој на културна и меѓуетничка толеранција и соработка.“
Како главни активности на Мултикултура таа ги набројува оние во рамките на проектите недела на разновидност, обучете ги обучувачите, работилница за надминување на предрасудите и стереотипите…
Мазлами вели дека Мултикултура е дел од неколку мрежи на организации, меѓу кои Коалиција за фер судење, СЕГА. РЕКОМ, НЦБИ, УНИТЕД, Младински совет на Македонија, Платформа против говор на омраза.
Како донатори на организацијата се јавуваат Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), Фондација Отворено Општество, УНДП, Европски совет, OXFAM, MPDL, ISC-Washington, Danish Refuges Center, Moba Project, International Migration Organization –Skopje, SAJV- CH, UNICEF, CIRa, NCBI Washington, Roma Education Fund, Norwegian People`s Aid, Abilis Foundation, Children Foundation Pestalozzi, Влада на Република Северна Македонија, Министерство за култура, Општина Тетово, Агенција за млади и спорт, Swiss National Youth Council- SNYC, Swiss Agency for Development and Cooperation- SDC и Norwegian Ministry of Foreign Affairs.
Посетета во канцелариите на Мултикултура е реализирана во рамките на институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.