И нашиот здравствен систем се соочи со огромни проблеми, па ситуациите со се поголемиот број пациенти се решаваше кампањски, од ден на ден.
Битката со Короната и кај нас и во светот продолжува. Надежта е во вакцината. Но и овде државниот системот на Република Северна Македонија потфрли.
Кога почна некаде во март, април минатата година, никој не можеше да претпостави дека светот ќе се најде во толку непријатна ситуација. Посебно дека пандемијата ќер трае толку долго. Дека ќе страдаат толкумногу човечки животи, економијата, образобванието. Сликите од италијанските болници кои прикажуваа страотност кога пациените од Ковид 19 ги преплавуваа болничките ходници, а мртвитеги изнеесуваа како да е сстојба на фронт во бесмислена војна, го преплавија светот. Икај нас, иако здравствениот ситем и другите надлежни институции уверуваа дека кај нас оваа епидемија не може да добие толкави размери и дека е се под контрола, таа контрола набрзо ја загуби смислата кога од ден на ден бројката од новозаразени од едноцифрена, па двоцифрена, набрзо почна катадневно да добива троцифрена вредност, а бројот на починатите забрзано се приближуваше со веќе видената италијанска минатопролетна динамика.
Македонскиот здравсвен скитем, и покрај беспоштедната па и херојска борба на здравствените работници за секој човечки живот, брзо почна да ги покажува економските, организационите и, воопшто, системските слабости.
Еден од бројните примери е и овој штипскиот:
Кога на 6-ти ноември 2020 година била примена во тамошната инфективна болница, 41-но годишната Руменка Довичинска била во прилично лоша состојба. Позитивна на Ковид -19 и со пневмонија. Веднаш била вклучена на кислородна поддршка. Осум дена подоцна, на 14-ти ноември, нејзината ќерка Михаела ја добила кобната вест дека нејзината млада мајка не успеала да го победи вирусот.
„Судбина“, низ солзи се тешеле членовите на семејството. Но не било само до судбината. Некои околности во болницата фрлиле и поинакво светло. Имено, кога во мајчиниот телефон ќерката Михаела видела дека неколку пати од болничкиот кревет мајкаи побарала помош од медицинскиот персонал, помошта не ја добила. Телефонот регистрирал дека првите повици и биле на 11-ти ноември по полноќ кога се пожалила дека и`недостасува кислород. Потреба од кислород имала и побарала и наредниот ден и тоа, исто така, било забележаноно на нејзиниот мобилен телефон. Но немала повратен одговор од персоналот, па напишала порака со содржина:
„Ова е итно, јави ми се. Боца кислород треба горе во четворката“.
Инертноста или неснаоѓањето на персоналот во рска со овој случај не мора да е показател за функционалноста на системот. Вирусот Корона 19 покоси многу животи низ целиот свет и не ги поштеди ниту најразвиените држави кои богато го финасираат и го одржуваат својот здравствен систем. Сепак, една првична анализа покажува дека Македонија го држи неславното високо петто место според бројот на починати од Корона и тоа со над 1.200 на еден милион жители. Но, и една Италија држи уште понеславен рекорд, но таа беше државата која од Корона 19 беше нападната како со цунами и откаде што постепено вирусот се прошири низ цела Европа. Дел од европските земји, токму врз примерот на Италија, сепак успеаја побрзо да се подготват за бранот што потоа ги заплисна нив, но тоа не беше баш така и со нашата земја. И нашиот здравствен систем се соочи со огромни проблеми, па ситуациите со се поголемиот број пациенти се решаваше кампањски, од ден на ден.
Со се поголемиот катадневен наплив на пациенти, македонското здравство беше пред крах, а од ковид центрите излегуваа и информации за недостиг на апарати за кислородна подршка и за недостиг на медицинска заштитна опрема како што се скафандри, ракавици, маски.
Кои се пропустите на здравствениот систем во време на Ковид, дали се работи за лош протокол, дали за грешки во лекување или нешто друго. Македонија во однос на другите земји бележи висок процент на смртност.
Лидија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на матичните лекари:
„Сите бевме сведоци дека пациенти со мозочни удари, откако ќе починат им се земаше post mortem PCR што не било никогаш причина или некоја навика за таков начин на работење. Така пто една Италија ги искорегира бројките и видека дека, да речеме, пациенти кои што се со мозочен удар, пациенти со леукемии и со многу други заболувања и коморбидитети ги анулираше и така што дојде до еден пад на таа бројка од смртност за Ковид 19. Така што сметам дека и кај нас не е лошо да се направи повторно една статистичка операција во која би се видело, би се анализирало, дали навистина, вистинската причина за смрт била леукемија, дали мозочниот удар, дали инфарктот, што било прво, а што било последично“.
Специјалистот по епидемиологија Сашко Олумчевски, пак, вели дека голем дел од пациентите кои починале од Ковид 19 е поради тоа што тие многу доцна побарале лекарска помош. Но она што деновиве се поставува како прашање е дали и колку новиот сој на коронавирусот од Британија кој веќе пристигна и во нашата земја, ќе има зголемен ризик на смртност, а со тоа и дали црните бројки во Македонија ќе бидат уште поголеми.
Сашко Олунчев, епидемиолог:
„Според сите студии што досега се направени ова е некаде 4-ти или 5-ти сој кој е измутиран, значи има англиски сој, има африкански, бразилски, американски сој, така што според студиите кај него не е докажано дека ги влошува симптомите кај заболените, односно дека може да ја зголеми смртноста. Кај него имаме само повисок коефициент на заразување. Значи за 30 посто може да биде поголемо заразувањето. Секако тие што го имаат прележано имаат каков таков имунитет и претпоставувам дека ќе поминат со многу полесни симптоми. Меѓутоа, реков, опасноста од него е што е многу поинфективен, попотентен од овој сој кој ни циркулираше сега, што значи маските мора да се носат за да немаме брзо пренесување на вирусот од човек на човек“.
Во македонската јавност излегуваа многу контрадикторности околу смртноста на заболените со Ковид 19. Посебно меѓу епиодемилозите. Некои изјави видливо беа проткаени и со примеси на дневна политика посебно кога изјавите доаѓаа од лекари актиивисти на политички партии што создаваше имногу забуни иконфузии меѓу граѓаните. На почетокот на пандемијата медиумите ја забележаа изјавата на епидемиологот професор доктор Вело Марковски, според чија прогноза во Македонија во оваа пандемија ќе починат околу 400 пациенти од Ковид, и дека секоја бројка над тоа би била слабост на здравствениот систем. Но пандемијата не стивна па и оваа и секоја друга прогноза испаднаа неблагодарни заштно не само кај нас, туку иво светот, и покрај почтокот на вакцинацијата, се уште никој, па дуриниту Светската здравствена организација СЈО, не е во состојба со доза на сигурнст да каже кога пандемијата ќе стиша.
И Србија ја има сличната бројка на смртност од Ковид 19 како што е и кај нас. Нашиот северен сосед има 391 починат на милион жители. За воља на вистината сите држави на Балканот поминаа многу лошо со смртноста од Ковид. Пред нас се Словенија и Босна и Херцеговина, а веднаш зад нас е Бугарија.
Професор д-р Драган Данииловски, епидемиолог.
„Според нормативите имаме 67 инфектолози, сега точно не знам колку има во приватното. Мислам дека има еден само во Систина, во Ремедика нема ниту еден, во Жан Митрев мислам дека нема. Практично сите се во Државното здравство. Од формално правен аспект, врз основа на кој акт и врз основа на кој параграф и кој закон приватните болници имаат одделениа да лечат пациенти од инфективна патологија јас тоа не го знам. Тоа треба да прашате на друго место. Она што го знам во приватните болници одат пациенти коишто се тешки. Имаат тешка клиничка слика и вие сигурно знаете во една од тие болници односно во двете приватни болници работат некои техники лаички да речам за прочистување на крвта, филтрирање на крвта што практично тие ги имаа и не знам дали ги имаа во клиниките кај нас на хирургија, практично за таа техника да ја примени практично инфектолог не треба, инфектолог не знае тоа да го работи. Тоа го работи анестезиолог, анестезиолози имаат. И имаме граѓани кои живот си спасија со тие методи што ги аплицираат анестезиолози“.
Лидија Чолакова Дервишова вели дека и покрај тоа што матичните лекари добија протокол за лекување сепак, секој случај и секоја пациент, си бара свој начин и пристап во лекувањето. Иако имаше пациенти кои завршија во болница, сепак таа укажува дека дури осумдесет проценти од заболените од Ковид 19 се лекуваа преку своите матични лекари.
„Нема шаблони, значи нема шеми. Секој пациент си е посебен случај, секој пациент има свој имунитет и во однос на неговиот имунитет, во однос на квалитетот на исхрана, на негата која што ја има дома така и ги лекувавме. Она што ние го следевме со порталите и се слушавме со колегите од странство, со колегите од Австралија, од Канада, разменуваме со пациенти кои што се таму, така што таму веќе 5 месеци претходно го користеле лекот. Кај нас малку покасно се уклучи нормално не знам зошто е тоа така, тука има надлежни институции кои што би требало да кажат зошто касниме малку со ивермектинот“.
Доктор Сашко Олумчев пак, уверува дека протоколите за лекување се во рамките на светските норми:
„Ние се раководевеме според протоколите кои се пропишани од Светската здравствена организација, тие се протоколи пропишани и од европските земји и од поголемите сили, кои имаат навистина здравствени системи кои се понапредни од нас, така што според тие протоколи се работеше и тука. Навреме беа поставени лекови, навреме беа поставени модуларните болници, се што беше потребно едноставно беше направено. Проблемот беше тука во самиот човечки фактор според мене, значи во неверувањето и тука изгубивме ние драгоцено време“.
Со цел целиот товар да не падне врз пребукираното и физички преоптоварено јавно здравство, ресорниот министер Венко Филипче постигна договор со приватни болници со што беа обезбедени сто нови болнички легла и друг сместувачки простор. Исто така, државата инсталираше и модуларна болница. Практично монтажни здравствени просторни капацитети во дворот на дежавниот клиничкиот центар со што земјава веќе покажа зрелост да се справува со напливот од новите циклични бранови на пандемијата предизвикана од вирусот Котона 19.
Доктор Венко Филипче, министер за здравство:
„Целосно ќе се опреми таа болница таму треба да се инсталира кислород што ќе биде готово за неколку денови, ќе се донесе опремата која што физички не е таму. Секој ќе партиципира согласно можностите, согласно големината, согласно капацитетите, така што тој број на кревети, стотина, верувам дека во следниот период кој што доаѓа ќе биде сосема доволен, за оваа криза да се изменаџира“.
Државата се справува со ситуацијата како што знае и умее и колку што, согласно ресурсите, објективно може. Но кај граѓаните, кај пациентите, посенбо психолошките трауми се мошне последични. Дека Ковид може да биде многу подмолен се покажа и преку сведочесњето на пациентот Фатон Асани:
„Ковидот го поминав без воопшто да знам дека сум бил позитивен на Ковид 19. Прв ите симптоми почнаа со болки во ногата. Отидов на лекар, мислев дека имам повредено некој мускул. Иимав оток на левиот мускул, на левата нога и дијагнозата првично беше дека всушност имам добиено тробмоза. После 14 дена всушност отидов на контрола и по тие 14 дена кога направивме и крвна слика на мое барање побарав да ми направат и тест за анти тела, и на крајот излезе дека имам анти тела и тоа беше заклучок дека имам прележано ковид. Тромбозата се верува дека е добиена токму поради Ковид 19“.
Битката со Короната и кај нас и во светот продолжува. Надежта е во вакцината. Но и овде државниот системот на Република Северна Македонија некаде потфрли. Македонија е последната земја во регионов што не ја почна во време во кое тоа го прават европските и многу други земји во светот. Здравствените, а пред се, политичките стратези, премногу сигурно се потпреа на Европската Унија и на нејзиниот систем за снабдување со вакцини. Но кога европскиот план потфрли, земјава остана препуштена самата на себе. Ветената помош од Бугарија изостана, а единствено Србија со донацијата од по пет илјади вакцини во два наврати, го обеле образот на македонските власти.
Сега, со двестоте илјади вакцини од Народна Реублиока Кина, како и конечно реализацијата на веќе нарачаните и платени вакцини од западните производители, вклучително и преговорите за руски вакцини, состојбата ќе ја стабилизираат и според најавите, се очекува вакцинацијата во земјата да добие масовни размери и да завши некаде при крајот на летото со над 60% вакцинирано население.
Оптимистичките прогнози од СЈО се дека пандемијата конечно ќе биде совладана некаде во првата половина на 2022 година кога светот ќе може спокојнода се врати вонормалните околности но икога ќе може да ги сумира и сите последици од кобниот Ковид 19. Да го стори тоа и по човечките животи и по еконоимијата и воопшто да ги сумира сите последици чпо човештвото. Дотогаш битката со вирусот продолжува со вакцини, со заштитни мерки и со рестрикции во разни области на нашето секојдневие.
Автор: Дарин Поповски-млад новинар, волонтер во институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.