Партиите да потпишат кодекс за избори

,,Четирите големи партии ќе ги поканиме да потпишат кодекс за превенција за време на избори. Поточно, што се треба да сторат политичките партии во предизборниот процес и на самиот изборен ден за да нема тензии меѓу нив’’, најавија од Македонскиот центар за култура и развој на денешната прес-конференција.

Со цел да се избегнат меѓуетничките и меѓупартиски конфронтации, како главен сектор на интервенција на овој проект се токму односите помеѓу етничките заедници и различните политички партии.

,,Превенцијата во општеството е исклучително важна. За жал во последните три месеци имавме неколку негативни настани, поплавите, земјотресите што се случија, па еве сега и изборите кои ни се случуваат, или овој политички земјотрес кој трае веќе две-три години во нашата земја. Сето ова покажува дека се уште како општество не сме на едно сериозно ниво созреани да превенираме, бидејќи најевтиниот лек од сите лекови е превенцијата’’ вели Нелко Нелковски, претседател на МЦКР.

Превентивниот проект ,,Превенција од насилства за време на избори’’ за спроведување на избори без насилство е поддржан од програмата Цивика Мобилитас.

(А.П) (А.Р)

Оставете коментар

коментар(и)