Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија ги поканува новинарите, медиумските работници и претставниците на невладините организации да се пријават за дводневна практична работилница, која ќе се одржи на 16 и 17 ноември 2026 година во Штип.
Преку практични вежби, демонстрации и работа во групи, учесниците ќе имаат можност да ги унапредат своите знаења за:
– Употреба на алатки со вештачка интелигенција за транскрипција, анализа на текст и обработка на податоци.
– Етички стандарди, проверка на содржини и препознавање грешки и дезинформации.
– Податочно новинарство, отворени бази и едноставна визуализација на податоци.
– Развивање истражувачки приказни, анализа на документи и слободен пристап до информации.
– Соработка со граѓански организации, заштита на изворите и безбедност на новинарите.-
Медиумска писменост, доверба и дигитални стратегии за ангажирање на публиката.
Испратете име и презиме, медиумот или организацијата од која доаѓате, контакт-телефон и кратко образложение за вашиот интерес на scoop.macedonia@gmail.com, најдоцна до 15.11.2026.
Работилницата ќе се одржи во Мултимедијалниот центар Канал 77, ул. Петта партиска конференција 32, Штип и деталната агенда ќе им бидат доставени на пријавените учесници. Придружете ни се за да размениме искуства и да развиеме вештини применливи во секојдневната редакциска работа.
Со почит,
Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија.




