Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија во соработка со Косовскиот институт за право, Центарот за проучување на демократијата и доброто управување од Албанија и Организацијата Академско општество на Романија, организираше работилница на тема „Што ќе се промени? Што Вештачката интелегенција ќе ни одземе“.
На работилницата во име на СКУП Македонија говореа повеќе медиумски и ИТ експерти.
Работилницата се одржа во Хотелот Сириус во Приштина и траеше два дена. Таа е дел од проектот „Кога вештачката интелегенција ќе се судри со лажните вести“, подржан од Европската Унија.
Претседателот на СКУП Македонија, Горан Лефков потенцираше дека вештачката интелегенција ќе придонесе многу во работата на новинарите, но дека таа во голем дел и ќе ја обликува новинарската професија.

„Вештачката интелегенција ќе го олесни пристапот до веќе јавно објавените документи, ќе ја олесни илустрацијата во пишаното новинарство, но сепак ќе ги зголеми напорите на новинарите да ги верифицираат добиените документи“, смета Лефков.
Тој додава дека правилото „секому верувам, но се проверувам“, во овој контекст ќе добие многу поголема улога и значење.
За Д-р Џељаљ Незири, поранешен претседател на СКУП Македонија, вештачката интелегенција ја спореди со откривањето на огнот.
Благодарение на него цивилизацијата е стигната до овој степен на развој. Многу откритија во светот што егзистираат денес се благодарение на канализираната употреба на топлината од огнот, но истата денешна цивилизација е сведок и на многу пожари кои се случувале досега. Ако не се внимава со вештачката интелегенција штетите по човештвото ќе бидат големи.

Другите учесници потенцираа дека измамите како феномен постоеле и ќе постојат, но дека вештачката интелегенција може да ги зголеми многукратно повеќе. Таа ќе влијае и позитивно на развојот, но може, посебно на почетокот додека да се регулира да предизвика и сериозни последици.

Истражувачкиот новинар Бојан Блажевски, од Приштина повика да се следи примерот на Шведска за борба против лажните вести и да се воспостави општествена инфраструктура за борба против истата.
На работилницата зедоа учество околу 30 експерти од трите земји, а истата ја отвори Никола Гаон, портпарол на делегацијата на Европската Унија во Косово.





