- Предизвиците со Коронавирусот се големи за сите, а најголеми за ранливите групи граѓан на кои справувањето со проблемите им е дополнително отежнато.
- Секојдневието на ранливите категории во време на корона кризата.
Вонредната состојба ја ограничи социјалната комуникација. Оваа констатација посебно ги погоди социјално ранливите и луѓето со посебности, со социјални и здравствени нееднаквости како инвалидизираните, оние со оштетен слух и вид и сите други на кои, во односс на останатите граѓани, обичната дневна комуникација им е доста комплицирана.
Во ова пандемиско време физичката дистанца која се покажа како најефикасна одбрана од корона вирусот, е една од најголемите препреки на оние кои преку допир го осознаваат просторот. Лицата со оштетен слух и со оштетен вид. Тие се посебно загрижени за тоа какви предизвици ги чекаат надвор од нивните домови кога недоволната совесност кај своите сограѓани им е поголема опасност од недостигот на звучни сигнализации и дактилни патеки.
Елена Кочоска е лице со оштетен слух:
„Како лицето кое е глуво ќе оди да пазари, а мора да носи заштитна маска? Секаква комуникација е запрена бидејќи и лицето од другата страна на тезгата или на касата во маркетите исто така е со маска. Мерките на владата за вакви ситуации не предвудуваат гласовен толкувач, а употребата на знаковен јазик е сосема невозможно во услови на маски врз лицето и носот“, вели таа одговарајќи на прашањење на новинарот на „Скуп центар за истражувачко новинарство“.
Еден од пакетите мерки на државата што најгрубо ги почувствиваа сограѓаните од таканаречената „ранлива категорија“ е пропишаната дистанца. Ова посебно кај и лицата со оштетен вид, посебнои кај целосно слепите лица.
Ема Ананиевска, е пијанистка:
„Да, се плашам бидејќи не можам сама да излезам надвор. Кога сум сама не можам да држам растојание, не можам да бидам ни сигурна дека луѓето околу мене ќе држат растојание. Нели не има секакви и не знам на кого ќе налетам, некои ситуации не можам да ги контролирам бидејќи не зависат од мене“, вели таа за Скуп.
Во зависност од типот на попреченоста, ограниченото движење и задолжителните маски, за многумина се и принудна ограничена комуникација.
Многубројните и разновидни рестрикции, карантините, ограничените можности за движења и комуникации, нарушувањето на и онака кревките релации со социјалните државни центри за помош како и потешкотиите со организирањето на персоналните асистенти, се амо дел од новонастаните состојби за лицата со телесен инвалидитет предизвикана со пандемијата.
„Комуникацијата е потреб што ние како граѓани ја имаме од голем број луѓе околу нас, а за да може да ги извршиме или оствариме дел од нашите права. Но, и тој дел целосно се ограничи“, вели Кочоска.
Проблеми со пандемијата и со мертките на државата имаат широк спектар лица сопосебни потреби. Хронично болните, родителите на деца до десет годишна возраст, бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои користат дневен центар, лицата кои одат на работа со придружба како целосно слепите лица, потоа лицата кои се движат со инвалидска количка и оние со различни степени интелектуална попреченост.
Некои од нив мерките ги доживеаја и ги преживуваат како Дамоклов, како меч со две сечила. На пример, мерката што упатуваше лицата со хендикеп да не одат на работа. При тоа, државата подготви некои парични надоместоци, но според реакциите на погодените, тие никогаш не можат да бидат вистинската компензација за пропуштеното. Ова посебно што неизвесноста од заканите од откази надвиснуваат.
Дистанцирањето на дел од граѓаните им го дистанцираше и изворот на приходи:
„Многу е потешко ете да се најде и нешто хонорарно да се работи, како што се снаоѓав на некој начин после дипломирањето, дали со некакви концерти, снимања и слично. Сега во оваа ситуација и тоа е отежнато“, вели Ананиевска.
Талентираната пијанистка има дваесет и пет години, а нејзините амбициозни планови годинава се попречени од корона кризата. Затворените граници Ема ја држат во неизвесност за тоа дали ќе може да замине на планираните постдипломски студии надвор од земјава:
„Јас како дипломирана пијанистка во оваа ситуација стагнирам бидејќи ете имав и планови за продолжување на студиите, запишување на магистерски студии. Сега се отежна целиот мој план бидејќи не знаеме како ќе биде целата ситуација“, додава таа.
Губењето на работните места за време на пандемијата е колективен проблем, но на дел од ранливите групи граѓани ситуацијата сериозно им ја загрозува егзистенцијата.
Неколку статистички податоци објавени на сајтот на Државната агенција за вработување покажува дека поради вонредната состојба, редовното пријавување на невработените лица е практично запрено, а отпуштањата се се поевидентни. Меѓу нив бројни се и лица од ранливите категории граѓани. Иако е тоа недоволно, државата со мерките прави колку може:
„Ранливите групи ќе добиваат енергетски додаток и за месеците вон грејната сезона“;
„Олеснети постапки за утврдување на материјална необезбеденост како услов за добивање гарантирана минимална помош;
„Ппроширен опфат на ранливите групи граѓани кои може да добијат финансиска поддршка;
„Одлагање на исплатата за закуп на корисниците на социјални станови;
„Платежна картица за посиромашните меѓу кои и за ранливите категории од населението“.
Сепак, генерално, ефектите од тоа дали и кои мерки ќе им се од помош на ранливите групи ќе се знае откако пандемијата ќе се стиша. Според реакциите во јавноста, засега не се прави доволно, посебно што тие, мерките, за повеќе категории се непримнеливи.
„Во економските мерки лицата со хендикеп не беа опфатени. Сите мерки, во осонова, владата требаше да ги разгледа преку леќите на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп и истите да ги донесе на соодветен начин, вклучувајќи го и концептот на разумно прилагодување и соодветно прилагодување коешто, согласно обврските од Конвенцијата, доколку државата не ги обезбеди ќе се смета за дискриминација на лицата со хендикеп“, вели соговорничката на Центарот за истражувачко новинарство „Скуп Македонија“, Кочоска.
За тоа колкав број лица од ранливите категории ги искористуваат владините мерки, се уште нема прецизни податоци. Во врска со активностите во земјава на планот на социјалата, токму за ранливата категорија население, Министерството за труд и социјална политика објави дека во време на вирусната криза во земјава се слеала пристојна помош во разни видови средства. Меѓу донаторите и активистите се невладини и владини организации и агенции од Швајцарија, Шведска, ОБСЕ, а во сето посебно е вклучена и најголемата македонска хуманиратна органицазија.
Луиза Мирчевска и Слободан Митровиќ од Црвен Крст:
„Волонтерите одиграа важна улога во секојдневието на оние кои не можеа да ги напуштат своите домови. До многу граѓани со посебни потреби дистрибуираа пакети со храна, средства за лична и општа хигиена, безалкохолни пијалоци и вода.
„Се води евиденција на дневна основа и генерално можам да кажам дека има голема благодарност од страна на лицата коишто се јавуваат за помош. Државните мерки за помош, меѓутоа, не стигнуваат до секој поединец. Ова главно поради неажурирани лични евиденции на своите статуси како социјално загрозени лица единствената помош која ја добива е од волонтерите на Црвениот крст“.
Се жалат и најзагрозените, бездомните и речиси бездомните, оние кои не можат да обезбедат документи за својот социјален статус и поради тоа тие и немаат кому да се обратат:
„Не ми дадоа картичка, слушам по луѓето даваат картички, даваат нешто, а мене баш што, сум сама, најсиромашна, ништо. Само од Црвен крст ми помагаат, господ да им даде здравје. А картичка на сите им дадоа, мене не,“ се попжали клиентката на Црвениот крст, Неџиба Идриз.
Освен на болните и изнемоштените, волонтерите на Црвениот крст им асистираат и на лица заразени со корона вирусот. Кај нив одат со дополнителна заштитна опрема и со силна волја да помогнат.
„Почитувајќи ги мерките за заштита, со маска, ракавици и со посебни одела, одиме кај лицата кои ни се најавени како позитивни и притоа се држиме до препораките на здравствените власти за дистанца. Кризата полека стана дел од нашето секојдневие, го сакале тоа ние или не“, вели за видео сторијата на „Скуп центар за истражувачко новинарство“,Митровиќ.
Пандемијата со вирусот Ковид 19 направи вистински пресврт во животот на луѓето. Предизвиците се големи за сите, но се чини најголеми за ранливите групи на кои справувањето со секојдневните проблеми им е дополнително отежнато.
Светот, секако и нашата држава во него, се ставени на тежок испит. Сите со ве криза, посебно граѓаните со посебни потреби и оние кои се водат како ризични групи. Сето тоа наметнува изнаоѓање и нови рационални, ефективни и хумани пристапи за остварување на правата на ранливите категории.
Автор: Виктор Иваноски – млад новинар, волунтер во институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.