Презентирана Платформа за соработка на невладините и медиумите

Потребна е поголема поддршка од донаторите за развој на истражувачкото новинарство и за создавање на што повеќе истражувачки стории. Ова е една од поентите од денешната презентација на Платформата за дијалог и соработка меѓу граѓанските организации и медиумите, чија содржина е достапна на интернет страницата: www.istrazifakti.mk.

На презентацијата се претставија и дел од малите проекти кои беа финансирани во рамките на проектот, меѓу кои и Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија. СКУП, во рамките на проектот изработи серија стории на тема клевета и навреда, преку кои ја претстави актуелната состојба со тужбите кои се покренуваат за клевета и навреда.

Преку аналитичен пристап и со употреба на истражувачки техники, СКУП со овие истражувачки стории го претстави трендот на полето на клевета и навреда, посебно по процесот на декриминализација на клеветата и навредата, потоа профилот на тужените и тужителите, како и меѓународните практики за клевета и навреда.

Презентацијата на Платформата беше организирана од Центарот за управување со промени (ЦУП) и Институтот за човекови права (ИЧП) во рамките на проектот “Истражувачко новинарство-чувар на демократијата и човековите права”, финансиран од ЕУ и од Британската амбасада во Скопје.

Оставете коментар

коментар(и)