Македонската влада лани донесе план, практично стратегија за борба против лажните вести.
Лажните вести се вирусот на современиот свет. Пандемија слична како актуелнава со Ковит 19. Некои велат дури и поопасна. Искривуваат вистини, навредуваат и клеветат луѓе, институции. Светот, сите држави, европските и САД посербно, последниве години интензивно креираат стратегии, проекти и програми за борба против ова зло на современиот свет.
Интернетот и новите технолошки алатки си го направија своето. Овозможија буквално секој, во секој миг и отсекаде, да може да создаде и да емитува, да пласира вест. Извор на лажни вести се злочести поединци но и промислени интересџии. Посебно се опасни политичките и бизнис центрите. Нивната моќ станува доминатна во созадавњето и во пласирањето на лажните вести со цел да придобијат свои прврзаници, корисници, зависници.
И македонската влада лани подготви и објави Предлог програма за борба против лажните вести. Документот предизвика бура од ракции посебно кај традиционалните медиуми и кај интернет порталите. Во реакциите многумина потенцираат дека со оваа програма владата намерно или ненамерно, сеедно, задира во елеменмтарната слобода на медиумите и прави обид да го контролира јавниот збор. Неодамна, дел од оваа програма беше рекативирана и преку програмата на новата влада и беше презенторана во македонскиот парламент. Во таа владина програма е поместен и делот насловен како „Демократија која работи за граѓаните“.
Во невладината „Центар за развој на медиуми“ сметаат дека наместо владата да „диктора“ методи за борба против лажните вести, би било подобро да создава истражувачки медиумски лаборатории и да се фокусира на тоа што може да го направи за подобрување на социјалната и економската положба на новинарската професија. Ова и од причина што се помалку млади луѓе го избираат новинарството како своја идна професија, па, посочуваат оттами, наскоро можеме и да нема студенти по новинарство.
Владата лани сакаше да создаде атмосфера за тоа колку е загрижена и колку е посветена за сузбивање на лажните вести. Во таа намера, оценуваат во медиумската јавноста, владата малку и се занесе во смисла дека е подготвена да користи и државни инструменти во таа насока. Но токму тоа во јавноста предизвика сомнежи дека владата сака да стави „дланка врз вистината“’, односно таа да биде главниот арбитар за тоа што е вистина, а што е лага.
Промоцијата на Предлог стратегијата беше организирана на највисоко државно ниво со што сомнежите во добрите намери на државата и на политиката, уште повеќе се засилија.
На а промоцијата на владинатра стратегија се обратија министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери и шефот на државата Стево Пендаровски. Ако со таквиот најсилен државен состав се сакаше да се даде на тежина на планот и на активностите, ефектот во јавноста беше контрапродуктивен.
Тоа од македонската, посебно од медиумската јавност веднаш пројави сомнеж дека преку проектот за борба со лажните вести, државата всушнопст, сакајќи или несакајќи, од невнимание или од намера сеедно, сака да стави контрола врз јавното информирање.
На пример, идејата содржан во владиниот Акциски план за правење регистар и на веб-порталите, на пример, ги разбрануваа новинарските здруженија и новинарскиот синдикат. Иако согласни дека справувањето со лажните вести мора да биде приоритет, недоразбирањата со власта беа и уште се на линија дека таа сака да го пика носот таму каде што не и е местото – во слободата на изразувањето и на информирањето.
Следуваа реакции. За новинарските здруженија и синдикати, единствено прифатливо решение е саморегулацијата. Само така, велат тие, медиумите би сноселе одговорност за информациите кои ги споделуваат.
„Лиценци и слични мерки кои би давале дозволи на медиуми да објавуваат вести не ни паѓаат на памет. Особено во слаби демократии како нашата не можеш некому да му забраниш да пишува вести“, е ставот на Катерина Синадиновска, претседателка на Советот за етика во медиумите во Македонија.
„Било кои порепресивни мерки и надворешна законска регулација не успеваат во овој океан од информации“, вели се Младен Чадиковски, претседател на Здружението на новинари на Македонија. „Саморегулација е единственото решение“, потенцира тој.
Здружениетро на новинарите на Македонија – ЗНМ, исто така, но со писмен став, јави дека „Интернетот мора да остане слободен простор“.
Но, Владата и во времето на објавувањето на планот, а еве во најава и сега во нејзината програма од нејзиниот нов мандат, како да не отстапува од содржините дефинирани во нејзиниот акциски план. Практично, таа уверува дека власта не верува баш во саморегулацијата оценувајќи ја како „нестабилна опција“.
Критиките за најавената битка против дезинформациите преовладуваа и на социјалните мрежи. Своето несогласување со заложбите на владата го искажа и професорот на филозофскиот факултет Љубомир Цуцуловски, кој преку статус на Фејсбук сугестивно праша: „За кого се поопасни лажните вести – за граѓаните или за одредени политички структури?“.
Идејата е добра, но не и методите, реагираа новинари уредници на владиниот план за борба против лажни вести:
Новинарот на „Дојче Веле“, Борис Георгиевски за тв Нова вели: „Мој впечаток е дека медиумската заедница досега целосно потфрли во тој дел, а инсистирањето на саморегулација не донесе никакви резултати. Од друга страна, државата односно Владата во овој случај, немаат монопол и не можат да одлучуваат што е лага, а што е вистина, но истовремено можам да разберам зошто одлучила да не седи со скрстени раце. Добрата намера на влчадата ја гледам во иницијативата да се менуваат работите откако последниве години многу нешта излегуваат од контрола. Новинарството е паднато на многу ниско ниво и продолжува да тоне. Тоа е особено евидентно кај интернет порталите каде владее „башибозук“ во сите сегменти: професионални, етички и правни“.
Уредникот Џелал Незири, коосновач и директор на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија се согласува дека нема видливи резултати во делот за саморегулацијата на онлајн медиумите, но смета дека тоа не и дава право на Владата да интервенира: „Владата може да биде само партнер на невладините, но не и предводник која ќе одредува што е лажна, а што е вистинска вест. Ако владата ги регулира онлајн медиумите тогаш тоа не е веќе саморегулација. Потребна е понагласена саморегулација со тоа што би се етаблирал регистар на онлајн медиуми кои ги исполнуваат и ги почитуваат професионалните стандарди и етика и кон кои институциите и рекламерите ќе препознаваат вистински медиуми. Но, за жал, ништо не е направено во овој правец со што денеска имаме таков хаос во јавната сфера каде не може да се препознае кој е новинар, а кој политичар маскиран во новинар, како и што е реклама, а што е рекет или што е професионален медиум, а што е веб страна која служи како партиска или надворешна алатка за пропаганда и дезинформации. Владата може да се бори со лажните вести на многу едноставен начин. Таа само треба да го почитува до крај Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, да им наложи на портпаролите да бидат поотворени и покооперативни со новинарите и се откаже од соработката со квази-новинари и пара-медиуми, со што индиректно се поттикнуваат лажните вести“, вели Незири за за Тв Нова.
За Здружението на новинари проблематични се неколку мерки и тоа особено оние кои имплицираат на платени кампањи во приватните медиуми, најавата за ко-регулација, воведување на критериуми за акредитирање на медиуми кои ќе имаат право да ги следат владините настани во согласност со стандардите на новинарската професија како и формирање на акциска група за борба на дезинформации со проблематичен состав и улога. „Недореченоста на овие предлог мерки може да се толкува како обид за ограничување на слободата на изразување, а со тоа да се нанесе штета во и така кревкиот медиумски сектор во нашата земја“, реагираа од ЗНМ.
Директорот на Здружението на новинари на Македонија, Драган Секуловски во интервју за порталот Инбокс 7 вели: „Генерално е добро што Владата има интерес и идеја да ги превенира дезинформациите и малициозните информации кои секојдневно се јавуваат во нашето општество. „Но сепак, акциската група која ќе биде задолжена за борба против лажните вести, не смее да навлегува со оценки дали е некој етичен и професионален. бидејќи дали некој медиум си ја врши својата работа на професионален начин или не, дали некој новинар постапува во рамки на кодексот на етичко известување или не, тоа е работа на само и исклучиво на новинарската фела“.
Новинар Зоран Иванов смета дека е многу важно Владата да ја дообјасни својата улога во спроведувањето на овој нејзин проект и особено да ги презентира алатките, инструментите за негова имплементација за да не постојат дилеми во јавноста. „Ќе беше најдобро пред да ја официјализираше стратегијата, Владата да иницираше расправа за намерата и особено за содржините на стратегијата. Во таа иницијална фаза да ги вклучеше новинарските здруженија, редакциите, новинарите, новинарските факултети, невладините чии теми на активност се медиумите и медиумските продукти и јавноста. Претпоставка е дека на тој начин во старт, главно од професионалната новинарска фела, која и самата катадневно се бори против лажните вести, ќе собереше поддржувачи и помагачи за успешност во перманентната реализација на проектот и сојузници фронтот против медиуимските лаги и воопшто против лажните вести и нивните извори ќе го направеше најширок“, оценува Иванов и додава дека иако, според него, владината намера за борба против лажните вести е искрена и дека еве и да не станува збор за обид за замолчување на медиумите, најавата за формирање „владино тело“ во улогана арбитар на вистината“ , малку звучи грдо. Ова особено откако слободарската медиумска јавност беше изгорена од претходното режимско минато, па сега, „дува и на кисело млеко“.
На старот на својот повторен мандат Владата, и покрај најавате дека на некој начин ќе продолжи и ќе отвора фронтови против лажни вести, очекувано е тоа да го прави на поле на кое најактивно и најшироко ќе бидат вклучени сите медиуми, новинарски и други граѓански здриженија кои со својата професинална работа во јавноста се докажани дека дејствиваат врз принцитеите на профрсионалните стручни и етички стандарди.
Бројните реакции на владиниот план за борба против лажните вести иако како идеја прифатена и како иницијатива оправдувана, е со голема доза на недоверба. Ова се поткрепува со стравувањата дека секој обид за подржавување на борбата пртотив лажните вести, ќе биде само уште една, овојпат крупна владина лажна вест.
Автори : Луна Иванова и Виктор Иваноски – млади новинари.
Авторите се волунтери во институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС