10 години СКУП Mакедонија

Пишува: Зоран Иванов

СКУП го има. Цели 10 години. Успешен е, еве, цела една декада. И тоа само поради неколку „мали“ причини:

Поради упорноста и поради проницливоста на Жаклина;

Поради мудроста и поради инвентивноста на Џељал;

Поради смиреноста и поради кооперативноста на Александар.

Но, СКУП го има, и е успешен, еве цела една декада, и поради бројните негови соработници и подржувачи:

Поради истражувачкиот новинрски нерв на уредникот Левков.

Поради кооперативноста на професорката Бачовска.

Поради бројните новинарски СКУП производи на Светлана, на Кристина, на Искра, на Љубуша, на Жарко, …

И на Ангела, Бјанка, Ангелина, …

И на соработниците Ана, Стефан, Стефани,Александар, Сузана, …

Списокот е многу долг и имињата на сите автори и коавтори, на сите потписници на новинарските продукти на СКУП, на сите многубројни соработници, волонтери и поджувачи на творечката платформа на СКУП, е депониран во аналите, во архивите на организацијата.

                                                    *     *     *

10 години СКУП, (ќе парафразирам), е мал чекор за СКУП, но голем чекор за македонското истражувачко новинарство.

Како и секое „чудо“, така и „СКУП Македонја“, (според мошне ретките и само во роденденски мигови емотивно носталгични искази на основачите), СКУП се роди непланирано. Спонтано. Од љубов. Од новинарска страст што трае. Од упорност проткаена со храброст. И, секако, со многу посветеност, пожртвуваност и одрекувања.

Но, пред се, со јасна цел. Со силна волја да се прикаже и да се покаже дека новинарството може. И дека има и моќ за мисија. И дека со СКУП и на СКУП сличните, Македонија може. Дека општеството во себе има внатрешни сили да скротуваат коруптивности и да опоменуваат. Да покренуваат институции, да објавуваат истражувачки стории и документарни видео емисии. И да ја враќаат вербата дека некој сепак ги демне општествените аномалии. Дека ги посочува коруптивните појави и нејзините создавачи.

                                                  *     *     *

Џељал Незири, Жаклина Хаџи Зафирова, Александар Божиновски и бројните соработници, како Левков, Арсиќ, Унковска, Атовска, Станковиќ, Петровска, Рајчевска и плејада други македонски новонари, студенти по новинарствово и новинарски волонтери, во овие 10 изминати години, мошне сликовито преставија една поинаква, ена мошне ангажирана журтналиситичка активност.

Испишаа една специфична, една оригинална новинарска СКУП епопеја.

Создадоа една новинарска истражувачка композиција од многу вагони натоварени со откритија.

Со многу истражувачки поглавја за корупции, за криминали.

И за социјални неправди, за атрофираност на институции, за функционерски злоупотребите.

За безмилосно бесовесно трошење на народни пари.

За криминали во власта, за злоупотреби на јавните функции на сите нивоа.

Во овие изминати 10 години, без многу помпа, без многу галама, без многу новиарски фалби, тимот на СКУП разви еден колективен редакциски дух на скромност.

На привидна смиреност несвојтвена за новинарската професија. Една поинаква, една автентична работлива новинарска тивкост својствена само за новинари авторитетните професионалци.

Тимот на СКУП манифестира нагласена посветеност и ентузијазам кој резултира со уникатно новонарско авторство вмрежено во сите негови тжурналистички продукти.

Во истовреме, токму во еден таков несвојстввен, не суетен новинарска амбиент, во една таква ненаметлива работна атмосфера,плејада скромни автри, преку уредувачкиот концепт на СКУП, ги созадаваат своите новинарски продукти.

Новинарски стории кои брануваат и кои менуваат.

Кои всадуваат немир кај коруптивните и кои влеваат надеж кај чесните.

Со својот високо професионален пристап, СКУП предизвикува немир кај функционертите и респект кај граѓаните.

Преку својот специфичен истражувачко новинарски пристап, преку искрената новинарска посветеност на вистината и правдата, тимот на СКУП ги детектира девијациите и нивните носители и и влијае и врз професионализација на институциите и на контролните механизми на државата.

Во изминативе 10 лета СКУП Македонија брануваше и покренуваше. Брендот СКУП остави неизбришливи траги во македонското професионално истражувачко новинарство, во овој најсложен и најмакотрпен новинарски жарн.

Свесен сум дека карактерно прескромниот неуморен тим на СКУП и сега, на овој нивен и  наш јубилеј, не ќе сака нешто многу да зборува за своите новинарски подвизи.

Но како што неговите основачи и уредници, заедно со бројните соработници, смогнуваат храброст да и` се преставуваат на јавноста, еве, на денот на јубилејот, конечно и тие малку погласно и посубјективно, макар со по мисла, две, да раскажат еден мал, макар еден микро дел од своите новиннарски пориви, предизвици и остварувања.

Макар по нешто за нивните мотиви за нивното втурнување во македонското море од корупција.

За нивната мисија за поправедно општетсво.

За нивната посветеност во насока за поспастрена и попросперитетна Македонија.

СКУП Македонија, честит јубилеј!

*Авторот е претседател на ЦИН СКУП-Македонија. Текстот е дел од воведниот говор на церемонијата за одбележување на 10 годишнината на постоењето на организацијата.

Оставете коментар

коментар(и)