Бесплатен превоз, субвенциониран оброк и стипендии: Колку државите во регионот им помагаат на студентите?
Бесплатен јавен превоз, субвенциониран студентски оброк, стипендии и регулирано студентско сместување се дел од мерките со кои државите во регионот се обидуваат да им ги намалат трошоците на младите во текот на студирањето. Во Северна Македонија студентите имаат комбинација од вакви мерки, но нивниот опфат не е секогаш ист – дел од поволностите се национални, а дел се однесуваат на студентите во Скопје. Во споредба со соседните земји, сликата... 









