Статии напишани од Администратор:

  • ЧЕКАЈЌИ ГО ВЕТРОТ: СЕ НАЈАВУВААТ ПОРАДИКАЛНИ МЕРКИ АКО ВЛАДАТА НЕ ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО ЗАГАДУВАЊЕТО

    Пишува: Љубица Иванова Само две од првичните седум барања на движењето „Зелена револуција“ ги исполнила Владата досега, иако на почетокот на декември беше ветено дека се исполнат во рок од една недела. Непосредно пред првиот марш за чист воздух, организиран од 29 граѓански здруженија од цела држава кои дејствуваат под името „Зелена револуција“,  претставниците на оваа иницијатива добија покана за средба со премиерот Зоран Заев. Но, претставниците на движењето...
  • Битолската општина најмераклија за рекламирање

    Пишуваат: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Додека Битола убедливо води во трошењето пари за реклама и соопштенија и тоа најмногу во списание за хумор и сатира, најголем промет оствариле весниците Нова Македонија, Вечер и сега затворениот, Утрински весник. Член 25 од Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од 2018 година предвидува забрана за рекламирање со која единиците на локалната самоуправа не смеат...
  • ПОПРЕЧЕНОСТА НЕ ПОЗНАВА ЗА ГРАНИЦИ КОГА ИМА МОЖНОСТИ

    Автор: Бјанка Станковиќ „Ако порано дури живееле во изолација верувале дека се неспособни зашто некој ги убедил во тоа, денеска тие се подготвени за најразлични предизвици зашто веруваат во себе.“ Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, е еден од позитивните примери кај нас, кои што веќе седум години активно работат на вклучување на тешко вработливите лица на пазарот на труд и нивна интеграција во општеството. Тие го издаваат...
  • ГОЛ БОЛ – ИГРА БЕЗ ГРАНИЦИ

    автор: Ангела Рајчевска 1986 година, Роермонд, Холандија, Светско првенство во ГОЛ БОЛ, финале помеѓу Југославија и Израел. Пенали  3-0. Југославија освојува прво место. Во тимот на Југославија е и Рагми Арифовски, оваа златна медала за него претставува најголем успех. „ГОЛ БОЛ е спорт за слепи лица. Се учи во школувањето. Јас го научив во Заводот за рехабилитација на лица со оштетен вид во Скопје, Кисела Вода. Од трето одделение...
  • ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ЗА ПЕТ ГОДИНИ: ПРОМЕНА НА ИМОТНА СОСТОЈБА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НИЗ ГОДИНИТЕ

    Пишуваат: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, за 5 години го надополнил својот имот со ставки вредни скоро половина милион евра. Според истражувањето на СКУП во рамките на проектот ПЕП, Шилегов стапува на функцијата пратеник во 2014 кога до Државната комисија за спречување на криминал и корупција (ДКСК) пријавува имот во вкупна вредност од 914.857 евра. Денес тој имот, според податоците од веб-сајтот на...
  • Милиони се трошат за екологија, а околу 1.600 луѓе умираат предвреме од загаден воздух

    Пишува: Жаклина Хаџи-Зафирова Во последниве шест години, почнувајќи од 2013 година, Европската унија (ЕУ) одобрила вкупна помош за државава од над  144 милиони евра за проекти кои се однесуваат само на заштита на животната средина. Според податоците кои СКУП ги доби од Канцеларијата на Делегацијата на Европската унија во Скопје, ЕУ инвестирала околу 5 милиони евра, само во делот за квалитет на воздух. Освен финансиската поддршка од ЕУ и...
  • СКУП член на Советот за етика

    Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија се најде на регистарот за професионални онлајн медиуми кој го изработија Здружението на новинари на Република Северна Македонија во соработка со Советот за етика во медиуми. Регистарот засега опфаќа 72-ва онлајн медиуми и истиот од јануари ќе биде достапен како веб-платформа www.promedia.mk , на која ќе има детали за сите членки.
  • Дополнување на објавената информација за висината на потрошените средства за репрезентација на Општина Струмица

    Почитувани, Во врска со Истражувањето на СКУП, за трошоците на Општина Струмица за репрезентација, чуствуваме обврска и потреба да ги дополниме објавените информации со цел целосно и правилно информирање на јавноста. Имено, oбјавената информација за висината на потрошени средства за репрезентација е резултат на синтетичкото сметководство на Општина Струмица и вклучува трошоци за храна, пијалоци, превоз, хотелско сместување, изнајмување на сали, опрема, печатарски услуги, обезбедување, хонорари и надоместоци за...