Статии напишани од Горан Лефков:
-
Сточарите со огромни загуби: нема помош ниту за затрупување на животните
Ужасни слики и неверување владее кај сточарите на Плачковица. Беспомошно апелираат повеќе од два месеци до Агенцијата за храна и ветеринарство да набави вакцини, но од вакцини за нивната општина нема ниту трага ниту глас. Стадото на Емин секојдневно се намалува. Говедата зафатени со болеста „Јазлеста кожа“ добиваат воспаление на кожата, покачена телесна температура и бегаат во реките и доловита на Плачковица каде е поладно и таму... -
Сточарите беспомошни: државата дозволи масакар врз кравите
Вознемирени се од појавата на болеста „Јазлеста кожа“, сточарите од Источна Македонија се молат нивните крави да останаат здрави. Од овие животни зависи и нивната екзистенција. Гневни се на институциите, за кои велат дека не реагирале навреме со обезбедување на потребните вакцини. Резултатот е страшен – животни им умираат секој ден. Хаос, страв и паника владее кај сите сточари, кои екипата на СКУП ги сретна во неколку предели од... -
Апсурд во здравствениот систем: специјализантите како робови
Кога решила да специјализира приватно во Клиниката за радиологија во Скопје, 28-годишната Ивана Панчевска не помислила дека ќе се соочи со една апсурдна ситуација. Таа како приватен специјализант е обврзана да работи скоро двојно повеќе од останатите работници, без при тоа да има какви било регулирани работнички права или заштита од државата и синдикатите. „„Приватните специјализации потполно ни го пореметија животот. Немам здравствено осигурување иако сум лекар. Се тресам од... -
Антикорупциската во криза: 520 илјади евра и само 1 пријава (обновено)
Забелешка: Седум дена по објавувањето на ова видео и текст, односно на 10 јуни 2016 година, реагираше Државната комисијата за спречување на корупција. Нивната реакција во целост ја објавуваме веднаш под новинарскиот текст. Скуп Македонија, наскоро ќе одоговори на забелешките од ДКСК. Откако Собранието во 2002 година го изгласа Законот за спречување на корупцијата, во земјата беше формирана специјална комисија со широк опсег на надлежности за борба против овој... -
Партизација и лоши услови за работа: секој трет полицаец си заминува од МВР
„Оставете го пунктот кај Агросервис, и заминете на обезбедување на куќа, каде е извршен грабеж“, ова беше наредбата која ја доби патрола на сообраќајната полиција на 12 март, веднаш по полноќ. Објаснувањето на дежурниот полицаец по радиоврската беше дека нема луѓе и мора тие да заминат. Причина за ваквата состојба е што бројот на вработени во Министерството за внатрешни работи постојано се намалува. Според податоците на Министерството за финансии... -
СКАНДАЛ: Новинарите-„закана за безбедноста“ на ДКСК
„Вие сте закана за безбедноста на институцијата и не можете да влезете внатре“. Овој непријатен одговор го доби екипата на СКУП-Македонија од лице кое се претстави дека е шефот на обезбедувањето на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на 6 април 2016 година. Со ова, новинарите беа спречени да поднесат барање за слободен пристап до информациите, согласно Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Голготата на... -
СКУП истражува: Државно земјиште поделено на функционери (обновено)
Кавга за државно земјиште во Вевчани. Околу 267 хектари под Стручкото село Вевчани има двајца закупци. Земјиштето е во државна сопственост, а Министерството за земјоделство истото го нуди на двајца сопственици. Прво по јавен повик, кој се распишува во ситуација кога државното земјиште е веќе засадено, а тој земјоделец го нема добиено под закуп, а после истото земјиште е дадено на јавен оглас. На јавениот повик се јавува фирмата... -
Мистеријата на зградата на Телеком: во центарот на Скопје, а „невидлива“ за институциите
Општина Центар нема никаква архива за зградата на Телеком, впечатлива осумкатница во Центарот на Скопје. Изградена веднаш до Камениот мост и лоцирана на самиот плоштад Македонија, оваа зграда е обвиткана со мистерија. Освен страните, никој не знае за колку пари е купено земјиштето, колку данок е платено за оваа зграда и колкави комунални давачки се платени за нејзе. Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајлоски дури не знае која...