Статии напишани од СКУП Македонија:

  • Се празни Македонија, се бега од сиромаштијата

    автор: Арта Тахири   Луѓето се иселуваат, бидејќи бараат решенија. Одат онаму каде што можат да најдат работа и да обезбедат подостоинствен живот за себе и за своето семејство, велат експертите во Скопје. Жителите на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја тука и Македонија, мигрираат кон земјите од Европската унија (ЕУ). Овој феномен ја зафати не само Македонија, туку и Косово. Во последниве денови најчестите телевизиски глетки во Косово...
  • Архитектот што го проектира новиот Клинички, два пати апсен во Италија

    Автор: Менче Атанасова Точи (Текстот е оригинално објавен на страницата на НОВА ТВ на 2 јануари 2015 година. Веднаш по објавата, до редакцијата на НОВА ТВ пристигнал демант од министерството за здраство. Забелешките на министерството се вметнати во овој текст. Целиот демант е објавен, во целост, под овој текст)   Антонио Савоино од италијанската фирма Арен Срл која го доби тендерот за проектирање на новиот клинички центар„Мајка Тереза“, бил...
  • Општинските манифестации во рацете на невладини организации

    автор: Весна Коловска сторијата е оригинално објавена на страницата на Канал77   Како бомба во јавноста одекна веста дека полицијата му поднесе кривична пријава на претседателот на граѓанското здружение „Пастрмалијада 2013“, под сомение за проневера на пари од Пастрмалијадата во 2013-та и 2014-та година. Според пријавата на СВР Штип до Основното јавно обвинителство, „пријавениот А.Ѓ. во периодот од 11.09.2013 година заклучно со месец октомври 2014 година како одговорно лице,...
  • Половина милион евра граѓански пари за дно на прволигашката табела

    автор: Виолета Кожинкова сторијата е оригинално објавена на страната на ТВ Ирис   „Општина Штип се сочува со сериозни финансиски проблеми. Долгот на општината ја надминува сумата од два милиони  евра“, беше првата изјава на Илчо Захариев, откако ја презеде градоначалничката функција на Штип. Година и половина по оваа изјава, за финансиската кондиција на општината и натаму вели дека е загрижувачка, но неодамна потпиша ребаланс на општинскиот буџет, од...
  • САХАРА ВО МАКЕДОНИЈА: НЕДОВРШЕНИТЕ ПЛАНОВИ НА ЕДЕН КОНТРАВЕРЗЕН БИЗНИСМЕН

    Автори: Џелал Незири, Жаклина Хаџи-зафирова, Александар Божиновски     Со широка насмевка и преполн со оптимизам, како актер од боливудските филмови, во јуни 2012 година во Македонија дојде Субрата Рој, 66-годишен контроверзен бизнисмен од Индија. Облечен во бела кошула со кратки ракави и со црн јелек, едно помодерно издание на индиската традиционална облека, тој во Македонија беше претставен како спасител на домашната економија.   Се сретна со поголемиот дел...
  • Работнички трагедии

    од Екипата на емисијата КОД Додека неколку работници на кров од монтажен објект во кругот на кумановската компанија Искра менувале плексиглас, Јовица Симоновски со една нога стапнал врз една табла на висина од околу 25 метри. Тој 9-ти јули околу 8 часот наутро, кровната табла попуштила и тој бидејќи не бил осигурен со јаже или со појас паѓа од големата височина. Загинува на лице место. Трудовиот инспектор и полицијата...
  • Џелал Незири е искусен истражувачки новинар и аналитичар. Тој е претставник на данскиот СКУП проект во Македонија уште од 2008 година,  со задача да ги координира националните и транснационалните истражувачки стории. Во моментот, Незири е коосновач и директор на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија со седиште во Скопје и член на Меѓународниот советодавен одбор на Journalismfund.eu со седиште во Брисел. Контакт: xhelalneziri@gmail.com Жаклина Хаџи-Зафирова е слободен новинар со повеќе...
  • ЖИВОТ НА ДИЈАЛИЗА ЗАГОРЧЕН И СО ЖОЛТИЦА

    автор: Јасмина Јовановска Бубрежно болни се заразуваат на дијализа со жолтица Ц. Ова го потврдуваат и пациентите и нефролозите, а причината ја лоцираат во неспроведувањето на стандардите за безбедна дијализа во практиката, како и тоа што во државата никој не ја контролира безбедноста на пациентите на дијализа како што треба. Според економските аналитичари, дијализа во супстандардни услови се случува и поради тоа што центрите немаат доволно пари за дијализа,...