Изборите носат нови административци: граѓаните годишно плаќаат по 25 милиони евра за партиските вработувања

„Катастрофа, никој ништо не работи“. „Се шетаат како пауни, а никаква работа не вршат. Нишај врата земај плата“ Ова е само еден од негативните атрибути со кои граѓаните знаат да ја опишат  македонската општинска администрација. Причините за ваквиот тренд во локалните самоуправи граѓаните ги гледаат во партизацијата на вработувањата. „Критериум, треба да имаш добар пријател или книшка од ВМРО и тоа е. Таму ќе бидеш примена, а другите што...

Незири: За истражувачко новинарство потребна е добра финансиска кондиција на медиумот и слобода за истражување

Пишува: Ана Анастасовска (Оригинално објавено на сајтот на Проферка на факти на 26.11.2015)   Што претставува СКУП Македонија и од каде идејата за негово формирање? Незири: СКУП, како проект, датира од 2006 година. Нејзината мисија беше промовирање и поддржување на истражувачкото новинарство во балканските земји, како и поттикнување на прекуграничната соработка на новинарите во овој регион на непријателства и на нетрпеливост помеѓу државите. Овој проект беше спроведен од данското...

Прес старт: Светска кампања за собирање средства за истражувачкото новинарство

Прес старт е прва светска глобална кампања, објавена на платформата Кикстартер, со цел собирање средства за новинарите истражувачи во земји, каде слободата на медиумите не е потполно слободна. Кликнете на на линкот за да видеото од камањата како и за начинот на донирање средства

Антикорупционерите со двојни аршини: борба или заштита на корупцијата?

Неажурирани податоци, бришење на имотните состојби на бившите функционери и долга листа на актуелни избраници кои не доставиле анкетни листови. Ваква слика дава базата на податоци на Државната комисија за спречување на корупцијата кога некој граѓанин ќе се обиде да дознае како работи телото задолжено да ги штити од злоупотреба на нивните пари од страна на државните функционери. На сајтот на Државната комисија за спречување на корупцијата не можат...

ОДБЛИЗУ со студентите: хорор услови за надежта на земјата

Длабоко во 21-от век, илјадници македонски студенти сè уште живеат во услови кои можат да се опишат како хорор-филм. Во скопските домови, кои се изградени уште пред 30 или 40 години, дотраени и неодржувани, живеат идните академски граѓани – надежта на оваа земја.   Еден од овие студенти е и Александар. Тоа не е неговото вистинско име – загрижен за последиците кои може да ги трпи тој или неговото семејство...

Македонските студенти со најлош стандард на Балканот

Распаднати кровови и подови. Распаднати ѕидишта, руинирани објекти. Ова е сликата за македонските студентски домови. Оваа слика, е и синоним за македонскиот студентски стандард. СКУП Македонија, направи истражување за студентската живеачка во Македонија, во однос на другите земји од Балканот. За оваа намена споредивме неколку параметри на студентскиот стандард во Бугарија, Романија, Србија, Хрватска и Словенија. Тие се земји, што географски и според развојот се најблиски до нас. Во...

Петте бирократи кои земаат поголема плата од Премиерот

Членовите на Советот за јавни набавки (Ивица Костојчиноски, Златко Арсов, Зоран Трајановски, Суад Зејнуловиќ и Борче Христов) имаат повисоки плати дури од претседателот, шефот на парламентот и премиерот на Република Македонија. Ова се податоците до кои дојде Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, користејќи го законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Најниската исплатена плата во ова тело е исплатена на Ивица Костојчиноски во септември 2014 година...

Одборниците се луксузираат, претпријатијата немаат за плати и за нова механицазија

Зима 2015. Сликата во Македонија беше идилична. Земјата завеана, патиштата непроодни, а многу населби отсечени. Јавното претпријатие Македонија пат нема пари да ја обнови механизацијата, но затоа има за да дели пари на прекубројниот управен одбор. Имено, во контролното тело на оваа јавно претпријатие седат 13 члена што е незаконски. Членови на Управен одбор на Македонија пат. <a href=’#’><img alt=’Sheet 1 ‘ src=’https:&#47;&#47;public.tableau.com&#47;static&#47;images&#47;_3&#47;_3757&#47;Sheet1&#47;1_rss.png’ style=’border: none’ /></a>   Користејќи го...