Категорија: Истражување

Над 100 милиони евра отидоа, нефункционални апарати останаа низ болниците

Автор: Билјана Богдановска Вкупно 199 медицински апарати во 74 јавни здравствени установи добиле епитет „нефункционални“ во април 2015 година, кога тогашното Министерство за здравство пратило Информација до Владата за состојбата со опремата низ болниците. Станува збор за апарати набавени и инсталирани од 1 јануари 2006 до април 2015 година – најголем дел од нив во рамки на големите набавки што ги правеше претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е...

Дива депонија до резервоар од кој вода пијат жители на четири села

пишува: Иванка Спировска Градежен отпад, шут, гуми, азбестни плочи и купишта секаков вид ѓубре. Вака личи дивата депонија во близина на рудникот Бањани, која како таква опстојува и постои долги години наназад. Освен азбестот, меѓу отпадот кој може да се забележи тука, има и друг опасен отпад, меѓу кој електронски и електричен отпад, отпадни гуми, течен отпад од непознато потекло  и сл. Во непосредна близина на оваа депонија се...

Демирхисарци пијат бактериолошки загадена вода, василевци со-хемикалии

пишува: Љубица Иванова Демир Хисар е општина со најголема изложеност на бактериолошка загаденост на вода за пиење во државава, додека Василево е општина со најголема физичко-хемиска неисправност, покажа истражувањето на СКУП кое ги опфати сите региони во државава за период од последните пет години.  Резултатите кои ги добивме од Центрите за јавно здравје, а на кои работевме изминативе месеци, покажаа дека урбаните средини имаат почиста вода за пиење, особено...

ЧЕКАЈЌИ ГО ВЕТРОТ: СЕ НАЈАВУВААТ ПОРАДИКАЛНИ МЕРКИ АКО ВЛАДАТА НЕ ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО ЗАГАДУВАЊЕТО

Пишува: Љубица Иванова Само две од првичните седум барања на движењето „Зелена револуција“ ги исполнила Владата досега, иако на почетокот на декември беше ветено дека се исполнат во рок од една недела. Непосредно пред првиот марш за чист воздух, организиран од 29 граѓански здруженија од цела држава кои дејствуваат под името „Зелена револуција“,  претставниците на оваа иницијатива добија покана за средба со премиерот Зоран Заев. Но, претставниците на движењето...

Битолската општина најмераклија за рекламирање

Пишуваат: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Додека Битола убедливо води во трошењето пари за реклама и соопштенија и тоа најмногу во списание за хумор и сатира, најголем промет оствариле весниците Нова Македонија, Вечер и сега затворениот, Утрински весник. Член 25 од Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од 2018 година предвидува забрана за рекламирање со која единиците на локалната самоуправа не смеат...

ПОПРЕЧЕНОСТА НЕ ПОЗНАВА ЗА ГРАНИЦИ КОГА ИМА МОЖНОСТИ

Автор: Бјанка Станковиќ „Ако порано дури живееле во изолација верувале дека се неспособни зашто некој ги убедил во тоа, денеска тие се подготвени за најразлични предизвици зашто веруваат во себе.“ Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, е еден од позитивните примери кај нас, кои што веќе седум години активно работат на вклучување на тешко вработливите лица на пазарот на труд и нивна интеграција во општеството. Тие го издаваат...

ГОЛ БОЛ – ИГРА БЕЗ ГРАНИЦИ

автор: Ангела Рајчевска 1986 година, Роермонд, Холандија, Светско првенство во ГОЛ БОЛ, финале помеѓу Југославија и Израел. Пенали  3-0. Југославија освојува прво место. Во тимот на Југославија е и Рагми Арифовски, оваа златна медала за него претставува најголем успех. „ГОЛ БОЛ е спорт за слепи лица. Се учи во школувањето. Јас го научив во Заводот за рехабилитација на лица со оштетен вид во Скопје, Кисела Вода. Од трето одделение...

ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ЗА ПЕТ ГОДИНИ: ПРОМЕНА НА ИМОТНА СОСТОЈБА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НИЗ ГОДИНИТЕ

Пишуваат: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, за 5 години го надополнил својот имот со ставки вредни скоро половина милион евра. Според истражувањето на СКУП во рамките на проектот ПЕП, Шилегов стапува на функцијата пратеник во 2014 кога до Државната комисија за спречување на криминал и корупција (ДКСК) пријавува имот во вкупна вредност од 914.857 евра. Денес тој имот, според податоците од веб-сајтот на...