Категорија: Вести

Павле Арсоски купувал оружје со вредност како едно чоколадо

Ријад Шаќири поседува дури три парчиња огнено оружје. Три парчиња пријавила на име на родител и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска. Сопругот на пратеничката Благица Ласовска истотака поседува огнено оружје. Колкав е арсеналот на македонските пратеници? Изработил: Тим на СКУП МАкедонија Пратеникот на ЗНАМ, Павле Арсоски поседува колекција на оружје. Во анкетниот лист поднесен како пратеник во македонското Собрание, Арсоски пријавил дури пет огнени оружја, сите стекнати со договор...

Тројца македонски пратеници имаат „позлатени“ сопруги

Народните избраници љубители и на вредни уметнички предмети и скапа книжевна литература. ПратеницитеХалил Снопче, Елми Азири, и Сали Мурати пријавиле вредно злато и златен накит на име на своите брачни другари. Изработил: Тим на СКУП Македонија Сопругите на тројца македонски пратеници поседуваат злато и накит вреден илјадници евра, покажува новото истражување на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија. Сопругата на пратеникот Халил Снопче поседува накит вреден 15 илјади евра,...

Македонија го ратификуваше Меѓународниот договор за размена на податоци за верификација на изјавите за имот

Најголемиот квалитет на овој договор е што ја проширува можноста за проверка на имотот на јавните службеници надвор од нивните земји. Во текстот на договорот се сугерира да се назначат антикорупциски тела како контакт точки за размена на овие податоци, но на секоја држава останува да утврди според тоа и да го извести депозитарот на овој договор со дипломатска нота кој орган ќе биде контактната точка на нејзината територија...

Системот на ДКСК по грешка пратеникот Стојаноски го направи милионер

Грешка во софтверот на на ДКСК направи замена на имотните листови на неколку функционери. Дел од нив се и пратеници. Од ДКСК најавуваат грешки и во иднина кај одредени профили на функционери во нивната база Пишува: Кристијан Трајчов Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) со погрешни податоци го пополни профилот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, со што му нанесе штета на угледот. Центарот за истражувачко новинарство СКУП...

СКУП Македонија продолжува со следењето на имотната состојба на функционерите

Почитувани, читатели и подржувачи на работата на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија. Особена чест и задоволство ми е да споделам информација со вас дека нашата Организација и годинава продолжува со проектот „Колку се богати функционерите“. Веќе активно работиме на новата платформа, која треба да биде еден активен чинител и многу моќна алатка во превентивната борба против корупцијата. Тајнината или тајноста е мајка кај што се раѓа корупцијата. Таа...

Коалицијата за заштита на укажувачите во Југоисточна Европа објави повик за стории поврзани со укажувачите

Коалицијата за заштита на укажувачите во Југоисточна Европа распиша повик за стории поврзани со укажувачите. Рокот за објавување на сториите е 30 јуни 2024 година. Повеќе информации за овој повик може да добиете во линкот подолу. Коалицијата за заштита на укажувачите во Југоисточна Европа е формирана во 2015 година. Во нејзе членуваат околу 50 организации од Југоисточна Европа.

Втор тренинг на новинари за известување за животната околина

Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, го организираше вториот тренинг на новинарите за известување на проблемите со заштитат на животна средина. Тренингот е организран во рамките на проектот „Овозможување подобра животна средина за сите“ финасиран од Jornalismfund од Брисел. Долгогодишниот новинар Бардуљ Заими, зборуваше за начините како да се известува за оваа проблематика Овој тренинг е развиен со поддршка на грантовите за професионален развој на Journalismfund.eu за еколошко новинарство.

Тренинг на новинари за известување за животната околина

Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, го организираше првиот тренинг на новинарите за известување на проблемите со заштитат на животна средина. Тренингот е организран во рамките на проектот „Овозможување подобра животна средина за сите“ финасиран од Jornalismfund од Брисел. За проблематиката со загадувањетона воздухот, почвата и во дата зборуваше експерот Иванка Зивосовска, која се задржа на разните аспекти од оваа проблематика. Искра Стојанова, експерт, кој работи за програмата на...