
пишува: Иванка Спировска Градежен отпад, шут, гуми, азбестни плочи и купишта секаков вид ѓубре. Вака личи дивата депонија во близина на рудникот Бањани, која како таква опстојува и постои долги години наназад. Освен азбестот, меѓу отпадот кој може да се забележи тука, има и друг опасен отпад, меѓу кој електронски и електричен отпад, отпадни гуми, течен отпад од непознато потекло и сл. Во непосредна близина на оваа депонија се наоѓаат пасишта, земјоделско земјиште, а на само неколку метри од купиштата отпад е сместен и локалниот резервоар со вода од изворот од кој со вода се снабдуваат околу стотина жители од четири околни села од општината Чучер Сандево, меѓу кои: Кучевиште, Бразда, Бањани и Мирковци. Најмалку три депонии во општина Чучер Сандево Општина Чучер-Сандево е рурална општина сместена под падините на Скопска Црна Гора. Лоцирана е на север од Скопје. Таа зафаќа...