ОД БЕЛ МАНТИЛ ВО ПОЛИТИЧКИ КОСТУМ: ЛЕКАРИТЕ НАЈБРОЈНИ ВО ПОЛИТИКАТА

А со што ги привлекува политиката? Во време на дефицит на медицински кадар, лекарите се најбројни помеѓу пратениците. Докторите, и другите професии кои уживаат општ углед, се значајни за подигање на имиџот на партиската понуда, вели Арсовски. Експертот велат дека клиентелизмот како појава не се врзува исклучиво со докторите, туку и со бизнисмените, универзитетските професори и религиозните профили кои се активни во политиката. Пишува: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Бујар Османи е единствениот специјализант по хепато-билио-панкреатична хирургија, додека Венко Филипче е првиот неврохирург во Македонија и околните земји кој ја основа хибридната неврохирургија на матичната клиниката во Скопје. Но, за нив политиката по се изгледа е поатрактивна од нивната основна професија: првиот е заменик-премиер задолжен за Европски прашања а вториот е министер за Здравство. Медицинскиот кадар во власта е трета најзастапена професија. Помеѓу министрите најмногу има правници и економисти,...

Потрошени милиони, а чист воздух сè уште нема

Во скопскиот регион годишно се губат 1205 животи како директна последица од аерозагадувањето, покажуваат најновите истражувања на научната јавност, според која, овие бројки се во пораст во споредба со наодите во студијата на Светска банка. Иванка С. Зивосовска Жаклина Хаџи-Зафирова Над 7 милиони евра градот Скопје одвоил во изминативе 5 години за заштита на животната средина, период во кој метрополата, како и државата се прочуја во светските медиуми како едни од најзагадените места во светот. Но, повеќе од половината од оваа сума или скоро 4 милиони евра со ребаланс биле пренаменети за други ставки или пак префрлени за исполнување во наредни години. Во годишните извештаи на градот за изминативе пет години нема детали за што точно биле наменети  парите за заштита на животна средина. Ниту пак, оваа сума од 7 милиони евра која е наведена во одговорот кој го...

ДРЖАВНИ ФУНКЦИОНЕРИ: И НА ПРАТЕНИЧКО И НА СУДСКО СТОЛЧЕ

• Независните пратеници Крсто Мукоски и Сашо Василевски, како и Љубен Арнаудов, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. • ДКСК отвори четири предмети за премиерот Зоран Заев, министрите Дамјан Манчевски и Кочо Анѓушев, како и за лидерот на опозицијата Христијан Мицковски • Поранешниот министер за здравство, Бујар Османи, актуелен вицепремиер за европски прашања и главен политички преговарач и шеф на Делегацијата за преговори со Европската Унија, е вклучен во истрагата под кодно име „Пациент“. Пишува: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Од обвиненија за тероризам, корупција, злоупотреба на функцијата и јавните пари за лична корист, па се до изборни нерегуларности. Низ ваквите судски процеси се влечкаат десет државни функционери, кои сеуште се активни во политичката сцена. Четири други функционери се под лупата на Државната комисија за спречување на корупција (ДКС) заради...

Иванов се сели во наместени станови, но нема да може да влегува секој

Засега е склучен само преддоговор, чија содржина се наведува дека е “деловна тајна” Пишуваат: Жаклина Хаџи Зафирова и Александар Тодески Просториите во висококатниците Џевахир со поглед од птичја перспектива кои поранешниот претседател Ѓорге Иванов ги побара за доживотни канцеларии ќе ја чинат државата над 2.000 евра месечно, заедно со канцелариски мебел и месечните трошоци за комуналии. Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија ексклузивно дојде до преддоговорот кој Службата за општи и заеднички работи го потпиша со фирмата “Турмак”, сопственик на „Џевахир Скај Сити“, во кој, меѓу другото, се наведува дека содржината на овој документ е деловна тајна. (Отвори го документот од договорот овде) Што е наведено во договорот Службата за општи и заеднички работи ги прифатила барањата на Иванов, неговата канцеларија и канцеларијата на неговиот кабинет да бидат лоцирани со разлика од 16 ката во прво изградената зграда на...

ЕДНИ ФИРМИ ШИЈАТ, ДРУГИ KЕШИРААТ

                  Маичките за „Линк Медиа Плус“ ги шиела компанијата „Супер хит,“ ремените ги произвела фирмата „Југомлаз-1 ДООЕЛ. Од МВР за оваа набавка велат дека била од крајна итност, затоа не распишале тендер. Но, за неполна година МВР склучило три бизниси со оваа компанија „тешки“ 195.000. ДОКУМЕНТАЦИЈА ТАБЕЛАРЕН ПРИКАЗ НА ЛИНК МЕДИА   автор: Александра Филиповска     Фирмата „Линк Медиа Плус“ позната по тоа што веќе една деценија се грижи за новогодишното украсување на Скопје, ги „шие“ и поло маиците за полицајците, „произведува“ и ремени (опасачи) за помладите полицајци, ги пере полициските возила… За неполна година Министерството за внатрешни работи (МВР) склучило три бизниси со оваа компанија „тешки“ речиси 200.000 евра. А еден, е склучен без јавен повик, туку со непосредна спогодба.     МВР склучи бизниси со „Линк Медиа Плус“ тешки...

ПРАТЕНИЦИ-БИЗНИСМЕНИ НЕ ГИ ПРИЈАВИЛЕ ФИРМИТЕ ВО ДКСК

Само пратеникот Панчо Минов од ГРОМ во својата имотна листа ја пријавил неговата фирма која ја поседува, додека 14 пратеници во нивните имотни листи ги немаат наведено фирмите каде реално се јавуваат како сопственици. СКУП упати прашање до секој од нив за да добие објаснување зошто фирмите не се наведени, но ниту еден од функционерите не испрати одговор. Според податоците од Централен регистар до кои дојде СКУП во рамките на проектот ПЕП, најбогататиот пратеник Васил Пишев, кој е член на ВМРО-ДПМНЕ, поседува две фирми.

Оставете коментар

коментар(и)