
Во изјава за СКУП, министерот Шапуриќ вели дека неговиот удел во наведените компании е незначителен. Министерот Адеми, поседува акции во текстилна индустрија, Царовска пријавила акции на нејзината мајка, Анѓушев мнозински акционер во „Фероинвест“ за премиерот Заев со акции на име на неговите родители. Од ДКСК се повикуваат на член 45 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Пишува: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Освен функцијата, добар дел од актуелните владини функционери се сопственици или поседуваат акции во познати компании и друштва во земјата. Гранит, Бетон, Макпетрол…се најдоа помеѓу субјектите каде што актуелните министри имаат удели. Истражувањата на СКУП за имотите на државните функционери во рамките на проектот ПЕП, дојде до листата на министри кои имаат акции и истите ги имаат пријавено во Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). МИНИСТРИ АКЦИОНЕРИ Зоран Шапуриќ, министерот без ресор...