Крвави шприцеви и игли наместо во посебен отпад, завршуваат во „обичните“ контејнери

ДОКУМЕНТАЦИЈА   Автори:  Евгенија Јанакиеска и Никола Рашо Радулов   Употребени шприцеви, игли, завои, памуци, фластери, лонгети, наместо во посебни заштитни вреќи и специјализирани печки за согорување и уништување, завршуваат во контејнерите наменети за обичниот дневен смет на или расфрлани во близината на медицинските установи. Истражувањето на СКУП покажа дека медицинскиот отпад во Македонија се фрла насекаде. Се фрла во обичните контејнери, на дивите депонии. Се среќава по темните ќошиња во дворовите на здравствените установи, се фрла под нивните скали. Уличните животни ги разнесуваат медицинските отпадоци  во околината. Наместо да биде исклучок, некаков инцидент, случајно невнимание, во Македонија како да е правило околу најголемиот број амбуланти и болници да се забележи медицински расфрлан и од никого контролиран медицински отпад. А со летните жештини, опасностите од разни зарази се потенцијална опасност по здравјето на луѓето. Наместо паркови и зеленило, опасен...

ОПАСНА ХРАНА: ДВЕГОДИШНИ КОНТРОЛИ ЗА 200 ТРУЕЊА ГОДИШНО

Автори: Евгенија Јанакиеска и Никола Рашо Радулов   Од месо, млечни производи па се до десерти можат да се најдат во повеќето од отворените пазари низ земјата. Пилешките батаци, џигерот и останати месни производи со почетокот на денот се изложуваат на сонце за да можат побрзо да се одмрзнуваат, додека на крајот на денот не продадениот дел повторно се замрзнува. Иако не се чуваат во соодветни услови и често не е познато нивното потекло, пониските цени во однос на супермаркетите ги примамуваат потрошувачите да ги купуваат овие производи. Неретко завршуваат во болница заради труење.   СЕКОЈДНЕВНО КУПУВААТ, ЕДНАШ НА ДВЕ ГОДИНИ КОНТРОЛИРААТ   Инспекторите често ги има по овие места, но само како купувачи. За контроли се присутни еднаш на две години. Од Агенцијата за храна и ветеринарство ни одговорија дека пазарите подлежат на инспекциски посети еднаш во две...

ГОРЧЛИВ РАСПУСТ ЗА СТУДЕНТИТЕ – НАМЕСТО НА ПЛАЖА, ЗАД ШАНК ВО ГРЦИЈА

Автори:  Евгенија Јанакиеска и Никола Рашо Радулов   По завршувањето на јунската испитна сесија, студентката Бојана С. од Скопје ќе замине надвор од земјата на сезонска работа. Претходното лето ја поминала работејќи  во Германија, но вели дека и не било баш многу сјајно. Заради копнежот по родниот крај Бојана не можела да да издржи  повеќе од 3 месеци, но заработените пари сепак биле од голема помош за да ги покрие трошоците за една година. Таа вели дека би била среќна ако за време на летниот одмор најдат работа во Македонија. „Да сме имале можности во Македонија, како студенти да работиме во текот на летниот одмор и да заработиме некој денар, секако не би оделе во странство. Но, така ни функционира системот и мислам дека ќе треба подолг временски период да помине за да се средат работите“, вели Бојана. До...

СТРАЗБУР САТИСФАКЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКОТО НЕПРАВЕДНО СУДСТВО

Автори: Даниела Трпчевска, новинар уредник Ангела Рајчевска, новинар репортер   Македонските политичари, јавни личности, бизнисмени, па и дел од новинарите, не само што чувствуваат поголема душевна болка од обичните граѓани, туку и лесно се одлучуваат да тужат. Судовите пак, од друга страна се чини им ја олеснуваат ваквата пракса на застрашување, прифаќајќи ги и тужбите во кои, според искуствата од Стразбур, нема основи за клевета и навреда. „Лакрдијаш, идиот, простак!“ Доколку овие зборови некогаш ги употребите во текст, колумна или коментар на текст во некој од медиумите во земјава, лесно може да се случи да завршите на суд поради навреда и клевета. Додека за Судот во Стразбур ваквите термини се прифатливи, доколку не станува збор за личен напад на некоја јавна личност, кај нас можат да бидат повод за тужба која може да ве чини и по неколку илјади...

Живот во болниците: Картони наместо завеси, вода од бунар наместо од чешма

ДОКУМЕНТАЦИЈА автор: Жаклина Хаџи-Зафирова Април е. За многумина период од годината кога заедно со природата како да се будат и луѓето, уморни од студентата зима. Но, за средовечната медицинска сестра Хава Саит Неџип, како да доаѓаат потешки времиња. Toкму овој период за неа, како и за неколкумина други нејзини колешки, доаѓаат маките со недостигот од вода на нејзиното работно место во амбулантата во Арачиново, каде работи веќе 8 години. „Секој април па се до септември немаме вода. Но, оваа година немавме уште од март. Вода полниме од селската чешма за да ја запазиме хигиената во амбулантата. Само за чаши, раце…Така што се снаоѓаме некако“, вели Саити Неџип, која се плаши за своето здравје, но и за здравјето на пациентите со кои постојано е во контакт. Еден од нив е и градоначалникот на општината во која работи, Арачиново. Неколку пати досега...

НА ПОВИДОК НОВИ МЕДИУМСКИ ГРУПИРАЊА?!

Автор: Горазд Чомовски   Политичката битка помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и екс-лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски во 2011 година заврши со клуч на врата за А1 телевизија. Настрадаа и весниците кои се издаваа од ова медиумска групација, додека сопственикот заврши во затвор поради затајување данок. Овие медиуми беа квалификувани како про – опозициски поради критичкиот однос кон власта. Иста судбина имаа и неколку останати медиуми, кои не фигурираа на листата на корисници на владините реклами. Политичката криза која се уште трае, пак, ги погоди про-владините медиуми. Потреси почувствуваа медиумите на МПМ – Дневник, Вест и Утрински весник, додека сопственикот на ТВ Нова е надвор од државата по одредувањето на притвор како првоосомничен во предметот „Труст“, според кој СЈО го товари дека со лажна документација добил тендер од ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра. Превирања, смени на уредници и...

Оставете коментар

коментар(и)