НОВИТЕ АНТИКОРУПЦИОНЕРИ „ТЕЖАТ“ 1.7 МИЛИОНИ ЕВРА
Најбогат антикорупционер е Салаи со имот вреден над половина милион евра, додека „најсиромашен“ е Софка Пејовска Дојчиновска со околу 18 илјади евра пријавен имот. Пишува: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Новите членови на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) пријавиле дека поседуваат вкупно 1.7 милиони евра имот. Како избрани функционери, освен што имаат обврска да ги следат имотите на функционерите, и тие се обврзани да пријават...