Пофалница за сторија на „СКУП“ и „Фокус“ за оф-шор компании
Новинарот на „Фокус“, Влатко Стојановски е добитник на пофалница од Македонскиот институт за медиуми за истакнат новинарски ангажман во категоријата Најдобра истражувачка сторија за серијалот текстови на тема „офшор-компании“, објавени на веб страницата на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија. -Авторот демонстрира темелно новинарско истражување низ кое многу умешно ги разработува, категоризира и анализира сите правни субјекти во чија сопственичка структура се јавуваат други фирми регистрирани во таканаречени офшор-зони, а открива...