Таг Архиви: патни трошоци

ДВАНАЕСЕТТЕ „НАЈПРИВИЛЕГИРАНИ“ ПРАТЕНИЦИ: ДРЖАВАТА ИМ ПЛАЌА И ЗА КИРИЈА, И ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ

Пишува: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ   Иако припаѓаат на спротивставени политички табори, пратеникот на СДСМ Александар Кирацовски и тој на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, ги спојува една привилегија која им се дава на нив како народни избраници: двајцата користат и државен стан, и наплатуваат за патни трошоци. Кирацовски до неодамна ја извршуваше и функцијата генерален секретар на СДСМ, но беше разрешен откако се најде на тапет во јавноста поради...

Пратеничките патни трошоци колку 30 државни стана (Втор дел)

автор: Горан Лефков   На крај со овој модел државата ќе имаше 100 стана и 100 автомобили во нејзина сопственост и многу попосветени пратеници на работата.   За повеќе погледајте го видеото. („Сторијата е поддржана од ЦИН СКУП Македонија во рамките на НЕД проектот “Промовирање отчетност преку истражувачко известување”.)

СКУП истражување: Македонските пратеници лидери во регионот за патни трошоци (Прв дел)

автор: Горан Лефков   Од 2010 година до 2016, само за патни трошоци на еден македонски пратеник просечно му се исплатени по околу 40.000 евра. Во истиот период во Словенија, за патни но и за други трошоци, на еден пратеник просечно му биле исплатени 36.000 евра, во Бугарија 19.000 евра, во Хрватска – 14.000 евра и во Косово – само 6.000 евра. Овие бројки покажуваат дека македонските народни избраници...

За патни трошоци потрошени 7.4 милиони евра: пратеникот Наумовски наплатувал како со кола да доаѓа од Австралија во Македонија

Пратеникот во Македонското собрание од изборната единица Азија и Австралија, Васко Наумовски, е скоро непознат за домашната јавност. Ретко се појавува за излагање, за реплика или пак за да постави пратеничко прашање. Но, ако се суди според сумите кои ги наплатил за да патува низ државава, очигледно тој повеќе е активен надвор, на терен отколку во собраниското столче. Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, користејќи го законот за слободен пристап...

ПРАТЕНИЦИ: ПОЕВТИНО ДО ДУБАИ ОТКОЛКУ ОД ОХРИД ДО СКОПЈЕ

Дубаи е дестинација, која македонските граѓани можат да ја посетат за само 140 евра и тоа со авионски превоз. Пратениците од Гевгелија, Охрид и Струга, за едно патување до Скопје наплаќаат од собранискиот буџет од 6.000 до 8.000 денари. Дубаи од Скопје е оддалечен околу 5.000 километри, а од Гевгелија до Скопје е 30 пати помалку, односно 170 километри. Тоа не им смета на нашите пратеници од внатрешноста да наплатат за оваа дестинација речиси исто колку што би потрошиле македонските граѓани за авионскиот лет...