Таг Архиви: премиер

Регулаторите невидливи, но со поголема плата од премиерот

автор: Горан Лефков   („Сторијата е поддржана од ЦИН СКУП Македонија во рамките на НЕД проектот “Промовирање отчетност преку истражувачко известување”.)

Петте бирократи кои земаат поголема плата од Премиерот

Членовите на Советот за јавни набавки (Ивица Костојчиноски, Златко Арсов, Зоран Трајановски, Суад Зејнуловиќ и Борче Христов) имаат повисоки плати дури од претседателот, шефот на парламентот и премиерот на Република Македонија. Ова се податоците до кои дојде Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, користејќи го законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Најниската исплатена плата во ова тело е исплатена на Ивица Костојчиноски во септември 2014 година...