Статии напишани од Администратор:

  • Туристички бум во јули: Речиси 800.000 ноќевања за еден месец

    Северна Македонија во јули ја посетиле 223.711 туристи, за 6,6 отсто повеќе отколку во истиот месец минатата година, додека бројот на ноќевања пораснал за 3,2 отсто на 795.083, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Растот во најсилниот летен месец го поттикнале и домашните и странските гости. Бројот на домашни туристи се зголемил за 8,9 отсто, на 96.293, додека странските туристи пораснале за 4,9 отсто, на 127.418. Странците сочинувале...
  • Горивото +15,8%, овошјето и грозјето -7,2%: Што се случува со македонското земјоделство

    Земјоделците плаќаат 7 отсто повеќе, а своите производи ги продаваат по пониски цени Трошоците во македонското земјоделство во август пораснале за 7 отсто во споредба со истиот месец минатата година, додека цените што земјоделците ги добиваат за своето производство се намалиле за 2,2 отсто, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Податоците покажуваат спротивно движење на двете страни од земјоделското производство – поскапи средства потребни за производство и...
  • ИНТЕРВЈУ / Ибрахим Мехмети: ВИ треба да биде спореден, а не главен извор на информации

    Брзиот развој на вештачката интелигенција отвора нови можности за медиумите, но истовремено ја зголемува опасноста од објавување неточни или недоволно проверени информации. Токму веродостојноста на изворите и точноста на информациите се меѓу најголемите предизвици за новинарството во ерата на ВИ, оценува долгогодишниот новинар и уредник и експерт во невладиниот сектор, Ибрахим Мехмети. Во интервју за СКУП, Мехмети вели дека вештачката интелигенција, во најдобар случај, треба да се користи како...
  • Венс до ВИ компаниите: Ако создавате „Франкенштајн“, запрете

    Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ги отфрли повиците за глобално регулирање на ризиците од вештачката интелигенција, порачувајќи им на компаниите што развиваат најнапредни системи дека, доколку сметаат оти создаваат опасна технологија, треба самите да го запрат нејзиниот развој наместо да бараат интервенција од владата. „Ако создавате Франкенштајн, не доаѓајте кај владата да кажете дека ни треба регулација“, рече Венс, во порака насочена кон технолошките компании кои во последните денови...
  • ИНТЕРВЈУ / Бардул Заими: ВИ може да помогне, но човечкиот допир останува незаменлив во новинарството

    Вештачката интелигенција сè подлабоко навлегува во медиумите и го менува начинот на кој се создаваат, обработуваат и дистрибуираат информациите. Но технолошката брзина не може да ги замени професионалното расудување, проверката на фактите и човечката одговорност, вели писателот и долгогодишен новинар Бардул Заими. Во интервју за СКУП, Заими оценува дека ВИ нуди големи можности за новинарството, но предупредува дека нејзината употреба без јасни етички принципи може да доведе до содржини...
  • Вештачката интелигенција не е човек: Шефот на Мајкрософт предупредува каде може да нè одведе трката за суперинтелигенција

    Технолошките компании ризикуваат да создадат нов „силиконски вид“ кој еден ден би можел да се натпреварува со луѓето за ресурси доколку на системите со вештачка интелигенција им се овозможи самостојно да поставуваат цели, да заработуваат пари и да поседуваат средства, предупреди Мустафа Сулејман, шефот за вештачка интелигенција во Мајкрософт. Во интервју за Би-Би-Си, Сулејман повика на построги ограничувања и механизми за контрола при развојот на најнапредните модели на вештачка...
  • Кој студира во Македонија во 2026? Жените доминираат

    Северна Македонија денес има околу 4.800 студенти помалку отколку пред една деценија, но зад вкупниот пад се крие многу подлабока промена: бројот на жените се приближуваат до 60 проценти од сите студенти, а универзитетската карта сè повеќе се менува меѓу Скопје, Тетово и Штип. Пред десет години, на факултетите и високите стручни школи во Македонија студирале речиси 60.000 луѓе. Денес ги има околу 55.000. Но бројката сама по себе...
  • ИНТЕРВЈУ / Џелал Незири: ВИ е револуционерна алатка за новинарството, но мора да остане под контрола на редакциите

    Вештачката интелигенција веќе не е технологија на иднината, туку реалност во редакциите која го менува начинот на кој новинарите истражуваат, анализираат податоци, проверуваат информации и произведуваат содржини. Но нејзината моќ истовремено носи и нови ризици, од неточни информации и алгоритамска пристрасност до дезинформации, манипулации и губење на довербата во медиумите. Долгогодишниот истражувачки новинар и политички аналитичар Џелал Незири смета дека дилемата повеќе не е дали новинарите треба да ја...