Новинарите имаат клучна улога во етичката употреба на вештачката интелигенција

Новинарите имаат клучна улога во промовирањето на етичката употреба на вештачката интелигенција преку транспарентно, точно и одговорно известување, додека развојот на писменоста за ВИ станува неопходен за разбирање на сè покомплексната технологија. Ова беа дел од главните теми на петтата сесија од серијата тренинзи за вештачка интелигенција, која експертот Феџа Куленовиќ ја одржа со професорите и академскиот кадар од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. ВИ-писменоста станува дел од...

Вештачката интелигенција во медиумите: Новинарот останува одговорен за информацијата

Како вештачката интелигенција се претставува во новинарството и јавниот простор и каде завршуваат можностите на технологијата, а започнува одговорноста на новинарот, беа главните теми на шестата сесија од серијата тренинзи за ВИ со професори и академски кадар од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Експертот за вештачка интелигенција Феџа Куленовиќ ги претстави позитивните и негативните аспекти од употребата на ВИ, со посебен акцент на одговорноста на новинарите при користење...

Вештачката интелигенција ќе го промени новинарството како што тоа го направи интернетот

Вештачката интелигенција ќе го промени начинот на кој функционираат редакциите, ќе влијае врз новинарската креативност и ќе отвори нови професионални и етички предизвици, слично на трансформацијата што ја предизвика појавата на интернетот. Ова беа дел од главните поенти на седмата сесија од серијата тренинзи за вештачка интелигенција, одржана со професори од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Сесијата беше посветена на значењето на вештачката интелигенција за редакциите и медиумите...

Алгоритмите сè повеќе го обликуваат јавниот дискурс, медиумите и демократијата

Алгоритмите повеќе не се само технолошка алатка – тие влијаат врз продукцијата на културата, секојдневните социјални интеракции, ширењето информации и човековите предрасуди, но и врз медиумскиот простор, јавниот дискурс и степенот на демократичност во општествата. Ова беа дел од темите на четвртата сесија од серијата тренинзи посветени на вештачката интелигенција, одржана заедно со професори од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Сесијата беше фокусирана на значењето и влијанието на...

Северна Македонија прва пилот-земја во регионот за етичка примена на ВИ во новинарството

Северна Македонија е првата пилот-земја во регионот која, со поддршка на УНЕСКО, започнува процес на поврзување на универзитетите и медиумските редакции за одговорна и етичка примена на вештачката интелигенција во новинарството и медиумското образование. Активностите се спроведуваат преку СКУП-Македонија, во рамките на проектот „Зајакнување на етичката употреба на генеративни алатки за вештачка интелигенција и медиумското покривање на ВИ преку образование по новинарство во Северна Македонија“, поддржан од Интернационалната програма...

ВИ влегува во редакциите: СКУП-Македонија со нов прирачник поставува правила за новинарите

Вештачката интелигенција не треба да се сфаќа ниту како закана, ниту како апсолутно решение за предизвиците во медиумската сфера, туку како технологија што бара критичко разбирање, институционална одговорност и етичка зрелост. Ова е една од главните пораки на прирачникот „Етичка и професионална употреба на вештачка интелигенција во новинарството“, подготвен од Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија. Прирачникот укажува дека само преку јасни правила, транспарентни политики и развој на дигиталната...

ГОДИШЕН И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ НА СКУП МАКЕДОНИЈА ЗА 2024 ГОДИНА

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НАЗДРУЖЕНИЕ-ЦЕНТАР ЗА ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВОСКУП-МАКЕДОНИЈА 1.1.2024-31.12.2024 ОРГАНИЗАЦИСКИ РАЗВОЈ Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија Скопје исто како и претходната, така и во текот на 2024 година продолжи да ги спроведува и реализира проектите и зацртаните планови од претходната година, и покрај предизвиците со кои и ние бевме соочени како организација со последиците од Војната во Украина и напливот на лажни вести и наративи со кои мораше...

ГОДИШЕН И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ НА СКУП МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 ГОДИНА

Период: 1.1.2023-31.12.2023 ОРГАНИЗАЦИСКИ РАЗВОЈ Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија Скопје и во текот на 2023 година продолжи да ги спроведува и реализира проектите и зацртаните планови од претходната година, и покрај предизвиците со кои и ние бевме соочени како организација со пост Корона кризата и војната во Украина.Оваа година беше многу важна за организацијата бидејќи се направи промена на генерации во управувањето на Организацијата. СКУП Македонија успешно ја...