ИСТРАЖУВАЊЕ: КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА КЛИЕНТЕЛИЗМОТ НА МЕДИУМИТЕ?
Автор: Мирјана Василева За потребите на оваа сторија реализиравме анкета со 30 новинари од печатени и електронски медиуми во земјава, која е спроведена во периодот од 20 ноември до 20 декември 2019 година. Според резултатите од анкетата, клиентелистички практики и корупција во медиумите постоеле и за време на претходната и за време на оваа власт. Поголем дел од новинарите одговорија потврдно на прашањето дали имало клиентелистички пракси во медиумите...