Партиите да потпишат кодекс за избори

,,Четирите големи партии ќе ги поканиме да потпишат кодекс за превенција за време на избори. Поточно, што се треба да сторат политичките партии во предизборниот процес и на самиот изборен ден за да нема тензии меѓу нив’’, најавија од Македонскиот центар за култура и развој на денешната прес-конференција. Со цел да се избегнат меѓуетничките и меѓупартиски конфронтации, како главен сектор на интервенција на овој проект се токму односите помеѓу...

Поплави: Нетранспарентни постапки за нечисти канали

Урнатините на дворот сè уште му будат лоши спомени на Златко Јовевски од Смилковце. Неговата куќа е скоро уништена од поплавите во почетокот на август, но и дополнително оштетена од неодамнешните серија земјотреси. Жителите од ова место на периферијата од Скопје, пред само еден месец, ги видоа буиците што однесоа човечки животи, па го почуствуваа и земјотресот што на многу од скопјаните им го всади стравот од нова несреќа....

Во средните стручни училишта недостасува пракса

Недостатокот на практична настава е главен виновник за неквалификувани кадри за работа на пазарот на трудот. Ова беше истакнато на вчерашната конференција „Јакнење на доживотното учење преку модернизација на системот за стручното образование и обука и образованието на возрасните”. Конференцијата се одржа со цел да се промовира започнувањето на проектот финансиран од Европската Унија. Во програмата од проектот кој чини 1.972.500 евра и ќе трае до ноември 2017 година...

Со спортски игри за поголема безбедност на децата

Деца од десет скопски градинки денеска учествуваа на манифестацијата „Движи се за здравје“, организирана од Детскиот културен центар „Карпош“ која се одржа во Градскиот парк во Скопје, пред фонтаната Лотос. Дечињата од прешколска возраст беа дел од игрите кои имаа за цел да ги мотивираат децата да се занимаваат со спорт. „Покрај другите манифестации, Ролеријада, цртање на асфалт се одржува и оваа „Движи се за здравје“ во склоп на...

О Г Л А С за пријавуање на практиканти/волонтери од областа на новинарството

Здружение-Центар за истражувачко новинарство СКУП-МАКЕДОНИЈА Скопје, објавува:                                                            О Г Л А С                           за пријавување на практиканти волонтери                                      од областа на новинарството     Здружението-Центар за истражувачко новинарство СКУП-МАКЕДОНИЈА Скопје, има потреба од двајца практиканти/волонтери од областа на новинарството ( пишување на информативни содржини, вести,извештаи, стории, колумни исл.) Огласот ќе трае во период од 15.08.2016-31.08.2016 година, со тоа што избраните кандитати би почнале...

Корупција во Македонскиот фудбал

(„Сторијата е поддржана од ЦИН СКУП Македонија во рамките на НЕД проектот “Подигнување на јавната свест против корупцијата преку истражувачко известување”.)   ЦИН СКУП-Македонија навреме упати барања за изјави до сите засегнати во изјавите на нашите соговорници, но до завршувањето на овој документарен филм никој не одговори на овие барања   ДОКУМЕНТАЦИЈА Барање за изјава од Фудбалска федерација на Македонија (Илчо Георгиевски) Барање за изјава од Владата на РМ...

Сточарите со огромни загуби: нема помош ниту за затрупување на животните

Ужасни слики и неверување владее кај сточарите на Плачковица. Беспомошно апелираат повеќе од два месеци до Агенцијата за храна и ветеринарство да набави вакцини, но од вакцини за нивната општина нема ниту трага ниту глас.     Стадото на Емин секојдневно се намалува. Говедата зафатени со болеста „Јазлеста кожа“ добиваат воспаление на кожата, покачена телесна температура и бегаат во реките и доловита на Плачковица каде е поладно и таму...