Антикорупциската во криза: 520 илјади евра и само 1 пријава (обновено)

Забелешка: Седум дена по објавувањето на ова видео и текст, односно на 10 јуни 2016 година, реагираше Државната комисијата за спречување на корупција. Нивната реакција во целост ја објавуваме веднаш под новинарскиот текст. Скуп Македонија, наскоро ќе одоговори на забелешките од ДКСК. Откако Собранието во 2002 година го изгласа Законот за спречување на корупцијата, во земјата беше формирана специјална комисија со широк опсег на надлежности за борба против овој...

СКУП-Македонија-добитник на втора награда за сторијата ,,Македонските студенти со најлош страндард на Балканот”

Новинарката на Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, Ангела Рајчевска е добитник на втората награда ,,Jan Briza“ на овогодинешното издание на Меѓународниот фестивал на кратки радио и телевизиски прилози и печатени, односно онлајн истражувачки текстови под назив ,,On the Record”, кој се одржа од 26 до 28 мај 2016 година во Нови Сад. Рајчевска е наградена во категоријата печатени односни онлајн истражувачки текстови за сторијата ,,Македонските студенти со најлош страндард...

Партизација и лоши услови за работа: секој трет полицаец си заминува од МВР

„Оставете го пунктот кај Агросервис, и заминете на обезбедување на куќа, каде е извршен грабеж“, ова беше наредбата која ја доби патрола на сообраќајната полиција на 12 март, веднаш по полноќ. Објаснувањето на дежурниот полицаец по радиоврската беше дека нема луѓе и мора тие да заминат. Причина за ваквата состојба е што бројот на вработени во Министерството за внатрешни работи постојано се намалува. Според податоците на Министерството за финансии...

Имотот на партиите – невидлив во извештаите

Финансиите на партиите се под лупа на институциите, но не толку колку нивниот имот, кој би требало да биде на увид на јавноста, коментираат експерти по објавената сторија на СКУП-Македонија, каде детално ги објавивме имотните листови на четирите најголеми партии. Иако од партиите тврдат дека тие редовно прават попис и овие документи ги доставуваат до државните институции, сепак, на нивните веб страници не можат да се видат ниту годишните...

СКУП ги открива имотите на политичките партии: од ниви и пасишта до луксузни станови и згради (обновено)

ДОКУМЕНТАЦИЈА Дуќани, дворови, ниви, згради, станови…Ова е само дел од сопственоста на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која се јавува како сопственик во 100 имотни листови, каде можат да се видат места кои се непознати за пошироката јавност. Најголемите имоти кои ги има партијата на екс-премиерот Никола Груевски, се наоѓаат во Сарај, Кисела Вода и Центар, каде ВМРО-ДПМНЕ поседува згради, станови и пасишта. За разлика од нив, СДСМ поседува далеку помал имот,...

Помеѓу личната придобивка и јавниот интерес: Дали и медиумите се виновни за кризата?

Кога владата почна да спроведува кампањи и истите да ги рекламира, повеќето од приватните медиуми во Македонија влегоа во трка кој да придобие поголем дел од колачот. Експертите велат дека не се само рекламите, туку и тендерите со кои се купува медиумската наклонетост. Оваа ситуација во македонскиот медиумски пазар покрена неколку прашања и дилеми: Дали медиумите стануваат параван на бизнисот? Може ли еден медиум како приватна сопственост да води...

Клучни играчи во медиумскиот бизнис: Кој ги поседува медиумите во Македонија?

Мнозинството во Собранието на Република Македонија, без многу дебата и размислување, го отфрли предлог-законот за реформи во медиумската сфера само неколку дена пред да се распушти. Предлогот составен според советите на екс-посредникот Питер Ванхојте, се очекуваше да биде сериозно разгледан од страна на народните избраници поради парафот на нивните лидери во Договорот од Пржино. Но, со одбивањето на овој предлог остана уште една неисполнета обврска во пресрет на предвремените...

СКАНДАЛ: Новинарите-„закана за безбедноста“ на ДКСК

„Вие сте закана за безбедноста на институцијата и не можете да влезете внатре“. Овој непријатен одговор го доби екипата на СКУП-Македонија од лице кое се претстави дека е шефот на обезбедувањето на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на 6 април 2016 година. Со ова, новинарите беа спречени да поднесат барање за слободен пристап до информациите, согласно Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Голготата на...