Категорија: Истражување

Флерт со невладините: Исти организации секоја година добиваат народни пари

автор: Александар Димитриевски текстот е оригинално објавен во емисијата 360 степени на „Алсат М“ телевизија на 1 мај 2015 година     Владата на Република Македонија, согласно правната регулатива од крајот на 90-тите години, редовно ги поддржува здруженијата и фондациите. Распределбата на одредена количина на пари, преку владина одлука го прави и сегашната како што тоа го правеле и преходните гарнитури. Со годините, се отворија и различни фондови за...

Македонија е рај за пензионерите и пекол за работниците

Фондот за здравствено осигурување и годинава намали дел од дијагнозите на кои им следува бањско лекување, покриено со пари од оваа институција. Ова значи дека многу пациенти, бањските лекувања и рехабилитации, ќе мора да си ги покриваат од сопствен џеб. Во табела 1 се претставени парите издвоени за бањско лекување на осигурениците на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во изминативе неколку години и бројот на пациенти кои ги користеле...

Македонија останува без шуми поради лична корист на поедници

автор: Искра Опетческа Вработени на одговорни функции во Јавното претпријатие (ЈП) “Македонски шуми”, подружница “Бабуна” Велес, го кршат Законот за шуми со што на незаконски начин заработуваат илјадници евра на грбот на државата и на приватните сопственици на шуми, тврди  Жилбер Жак Арсов сопственик на 42 хектари земја со 700 метри кубни дрва во атарот на велешкото село Ветерско.   “Еден од најголемите проблеми се испратниците. Податоците напишани на испратниците...

Спортски сали: Ветувањата посилни од реализацијата

автор: Жаклина Хаџи-Зафирова   Сиви голи ѕидови и обрасната трева. Ова е сликата на која веќе навикнаа жителите на скопската населба Ченто, додека поминуваа покрај Основното училиште „Крсте Мисирков“, каде уште пред десетина години требаше да никне нова спортска сала. Но, наместо со новоизградениот објект, кој го најавуваа сите досегашни власти, учениците и децата од ова место се задоволуваа со училишниот двор и околните дотрајани и импровизирани локални игралишта...

Во токсичкото кралство на Југохром

    Кога во 2005-та година се донесе новиот Закон за животна средина, се веруваше дека во Македонија конечно ќе се почне со решавање на енормното загадување. Земјата, која се соочува со лоши економски показатели и голема невработеност и после 10 години се соочува со истиот проблем. Во текот на ова декада владата поставуваше неколку рокови за поставување на еколошки филтри за најголемите загадувачи, но само еден мал дел...

Велешкиот воздух и почвите трајно „богати“ со метали

автор: Бојан Шашевски Воздухот, почвата и зеленчукот во Велес се комплетно контаминирани со токсични метали! Последните истражувања на тимот на реномираниот професор Трајче Стафилов од Институтот по хемија покажуваат поразувачки резултати — луѓето околу згаснатата Топилница за олово и цинк и незаштитената депонија за трошка дишат воздух што е и над 10 пати над дозволеното, а јадат зеленчуци со присуство на тешки метали. Резултатите го потврдуваат децениското труење на...

ПРАТЕНИЦИ: ПОЕВТИНО ДО ДУБАИ ОТКОЛКУ ОД ОХРИД ДО СКОПЈЕ

Дубаи е дестинација, која македонските граѓани можат да ја посетат за само 140 евра и тоа со авионски превоз. Пратениците од Гевгелија, Охрид и Струга, за едно патување до Скопје наплаќаат од собранискиот буџет од 6.000 до 8.000 денари. Дубаи од Скопје е оддалечен околу 5.000 километри, а од Гевгелија до Скопје е 30 пати помалку, односно 170 километри. Тоа не им смета на нашите пратеници од внатрешноста да наплатат за оваа дестинација речиси исто колку што би потрошиле македонските граѓани за авионскиот лет...

Сведоштва на армиски Скорпиони: „Лепеза“ е голема измама – не добив ни лиценца, ни работа!

автор: Стојанка Митреска          Зоран Карадаковски, поранешeн армиски скорпион, тврди дека бил изигран во Лепеза“, програма на македонското Министерството за одбрана, поддржана од Кралството Норвешка, и дека не ја добил заслужената лиценца за обезбедување, иако посетувал предавања во касарната во Штип, во која е сместен еден од трите центри на македонско – норвешкиот проект за преквалификација на воениот кадар.   Карадаковски пред завршувањето на војничката кариера во АРМ, вели...