Категорија: Истражување

Власти се менуваат, загадувањето останува: вдишуваме смог – издишуваме живот

Автори: Ива Андреевска и Сандра Никчевска   Пред Делхи и Калкута во Индија, Лахор во Пакистан, Улан Батор во Монголија, Ченгду и Пекинг во Кина. Скопје повторно е на врвот на светската листа според загаденоста на воздухот. Кон крајот на скоро секоја година загрижени граѓани протестираат и бараат решение за проблемот со загадувањето, кои според нив е на ниво на труење. Но, институциите имаат еден ист одговор – нема...

Функционерите не штеделе на скапо јадење, пиење и спиење – народот плаќал

Автори: Ангела Рајчевска, Бјанка Станковиќ, Ангела Петровска   ДОКУМЕНТАЦИЈА   Освен редовните локални избори и предвремените парламентарни избори, ништо позначајно се нема случено во Република Македонија во 2013 и 2014 година. Заради глобалната финансиска криза во овој период, ниту странските директни инвестиции позначително пораснале, ниту пак некој значителен финансиски или дипломатски успех е забележан во овие две години. Сепак, во овие две години само за хотелско сместување во странство...

ОТФРЛЕНИ ВО ЖИВОТОТ, ОТФРЛЕНИ ПО НЕГО (III)

Автори: Сандра Никчевска, Ива Андреевска, Моника Себиќ   Скопските бездомници завршуваат на Градските гробишта во Бутел. Заминуваат сами исто како што и го минале својот живот. Милан Ивановски е референт за правни работи во претпријатието за погребални услуги. Вели дека постапката за погребување бездомно лице ја покренува и ја врши управителот на градските гробишта. „Погребувањето на бездомното лице се врши на посебен дел од гробиштата без изведување на верски...

БЕЗДОМНИЦИТЕ НЕВИДЛИВИ, НИВНИОТ ЖИВОТ – БЕЗВРЕДЕН (II)

Автори: Сандра Никчевска, Ива Андреевска, Моника Себиќ   Дом без адреса, без име на улица, без број. Најстудениот дом во градот. Најсуровиот и лете и зиме. И најнебезбедниот за неговите станари – домот на бездомните. А ги има подоста. Само во Скопје повеќе од 300 наши сограѓани. Тлото им е душек, небото покривка. Страдаат од глад, од студ, од жега. И од хулигани. Вербално малтретирани, тепани , дури и...

УЛИЦАТА – ГОРКИОТ ДОМ НА БЕЗДОМНИТЕ (I)

Автори: Сандра Никчевска, Ива Андреевска, Моника Себиќ   Многу спомени од детството и младоста го поврзуваа Северџан Сејфула за старата куќа во Чаир. Таа куќа била купена од татко му во 1957 година, само шест години пред тој да се роди. Во овој дом израснал заедно со својот брат и четири сестри. На 32-годишна возраст стапува во брак, од кој има еден син. Но, се разведува по една година....

ТРАНСПАРЕНТНОСТ: ЦРНА И БЕЛА ЛИСТА НА ОПШТИНИТЕ

Автори: Ива Андреевска и Сандра Никчевска Дванаесет од вкупно 82 општини во Република Македонија не одговориле на ниту едно прашање на Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија од почетокот на 2017 година. Во овој период новинарскиот тим на СКУП истражуваше на три теми поврзани со работата на локалната самуправа, и тоа: за трошоците за репрезентација, за можната злоупотреба на службените возила, како и за трошењето на бензини и сервисирање. Никаков...

Топ 10-те најбогати градоначалници тежат 13 милиони евра

автори: Бјанка Станковиќ Ангела Петровска Ангела Рајчевска   На претстојните локални избори, во трката за први луѓе на општините, партиите ги предложија своите кандидати. Во 55 општини од вкупно 82, на листата на кандидати се најдоа имињата на досега добро познатите градоначалници. Само во останатите 27 општини има нови кандидати. СКУП ги обработи податоците за имотната состојба на кандидатите кои повторно ќе се кандидираат за градоначалници во овие 55...

СИТЕ МОЛЧАТ ЗА КОРУПЦИЈАТА ВО СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ

Автори: Евгенија Јанакиеска                Никола Рашо Радулов   „Бев сместена во Пелагонија и искрено требаа врски. Имав другарка на којашто и беше пријател тој што беше претседател на домот и преку него влегов, иако ги исполнував сите услови, ми требаше за полесно да влезам. И понатаму наредните години бев во Пелагонија, но не се сеќавам дали фаќав врски, но требаа-за подобри услови, за поубава соба. Живеевме четири цимерки во...