Категорија: Вести

НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЌЕ БИДАТ ПОПРИСУТНИ ВО МЕДИУМИТЕ

„Стандарди за добро управување во јавната администрација“ е темата на дводневната обука која се одржува во хотел СКАРДУС на Попова Шапка. Обуката е во рамките на проектот “Следење на принципите на јавната администрација во зачувувањето на вредностите на доброто управување”, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Центарот за управување со промени (ЦУП), Агенцијата за менаџмент консалтинг МКА 2000 и Центарот за истражувачко новинарство СКУП – Македонија. Учесници на...

Четиринаесет организации ќе ја набљудуваат работата на општините

Четиринаесет граѓански организации денеска потпишаа договори за грантови во рамки на проект финансиран од Европската унија, преку кој ќе се утврдуваат стандарди за добро управување во локалните самоуправи врз основа на т.н сигма принципи за јавна администрација. Проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување вредности на добро управување“ го спроведува Центарот за управување со промени, во партнерство со Асоцијацијата за менаџмент консалтинг МКА -2000 и Центарот за...

Инспекторите во потрага по медицинскиот отпад

Една недела по објавувањето на податоците кои ги затекна екипата на СКУП на терен за расфрланиот медицински отпад низ здравствените установи,  Министерството за здравство ненајавено ги активираше инспекциските служби. Прекршување на прописите за складирање на медицинскиот отпад и незадоволлително ниво на хигиена беа констатирани  во неколку клиники од комплексот Мајка Тереза. Продолжуваме да ја следиме состојбата и ги охрабруваме надлежните континуирано да ја извршуваат својата работа, во интерес на...

Година по предупредувањето на СКУП: Владата ќе го спасува УЕФА Суперкупот

Владата на Република Македонија синоќа во вечерните часови соопшти дека се константирани сериозни пропусти во реализацијата на превзементи обврски за одржување на Суперкупот на УЕФА на Арената „Филип Втори“, организацијата на големиот настан во Скопје е доведена во прашње. Ова е поседица на писмото кое УЕФА го доставила до Фудбалската федерација на Македонија. Всушност, ова е ново писмо на УЕФА. Првото е старо повеќе од една година, за што...

УНЕСКО: Стопирајте ги плановите за ски-центар и автопат на Галичица

УНЕСКО го објави извештајот за степенот на зачуваност во подрачјата прогласени за светски наследства, состојбата на Охрид е оценета како се поранлива, а главна причина за можната деградација се предвидените инфраструктурни проекти. Македонија има две години да го спаси своето единствено светско природно и културно наследство. СКУП веќе предупреди на ова во двата документарни филма “ЕЗЕРОТО ПРЕД УНИШТУВАЊЕ, ИНСТИТУЦИИТЕ МИСЛАТ САМО НА ПРОФИТ” и “ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ПОД ЗАКАНА НА...

ТУЖБИТЕ ОСТАНУВААТ СРЕДСТВО ЗА ЗАМОЛЧУВАЊЕ НА НЕИСТОМИСЛЕНИЦИТЕ

Тужбите за навреда и клевета и понатаму остануваат средство за замолчување на неистомислениците, при што најчеста мета се новинарите и медиумите. Ова беше кажано на денешната презентација на заклучоците од извештајот на Центарот за истражувачки новинарство СКУП-Македонија, што се одржи во ЕУ инфо центарот во Скопје. Во извештајот се вели дека ова „практика придонесува кон влошување на состојбата со медиумската слобода во Република Македонија, при што се зголемува нивото...

Центарот за истражувачко новинарство на Србија го освои Европскиот Пулицер

ЦИН Србија, партнерска организација на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, вчера постигна неверојатен успех, освојувајќи ја „Јуропиан прес прајс“ за истражувачко новинарство. Наградата беше доделена на церемонија во Амстердам. Оваа награда се смета за европски пандан на познатата американска Пулицерова награда. Наградата се однесува на серија текстови за криминал, корупција и за фудбал во Србија. Истражувачките стории се изработени екипно на чело директорот Бранко Чечен. Оваа награда во...

Денот на свиркачите гласно одбележан во Скопје

– Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во континуитет укажува на потребата од носење на Законот за заштита на свиркачите, затоа што ние не можеме според актуелниот закон да им пружиме соодветна заштита на сите кои сакаат да соработуваат со нас во таа насока. Граѓаните сѐ поретко се решаваат да укажат на коруптивно работење и криминал, поради стравот што го имаат од последиците од таквата активност. Затоа ние треба да ги...