Категорија: Вести

ВИ влегува во редакциите: СКУП-Македонија со нов прирачник поставува правила за новинарите

Вештачката интелигенција не треба да се сфаќа ниту како закана, ниту како апсолутно решение за предизвиците во медиумската сфера, туку како технологија што бара критичко разбирање, институционална одговорност и етичка зрелост. Ова е една од главните пораки на прирачникот „Етичка и професионална употреба на вештачка интелигенција во новинарството“, подготвен од Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија. Прирачникот укажува дека само преку јасни правила, транспарентни политики и развој на дигиталната...

Што остави зад себе Арбен Фетаи? Трошоци, имот и политички пресврти

Собранието во вторникот ја констатираше оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, со што формално заврши неговиот мандат во Владата по повеќемесечно отсуство од јавноста и од владините седници. Фетаи оставката ја поднесе на 1 јуни, наведувајќи дека функцијата ја напушта „со крената глава и чиста совест“. Неговото заминување доаѓа по период на политичка неизвесност, во кој не присуствуваше на владините седници, а премиерот Христијан Мицкоски претходно соопшти...

Павле Арсоски купувал оружје со вредност како едно чоколадо

Ријад Шаќири поседува дури три парчиња огнено оружје. Три парчиња пријавила на име на родител и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска. Сопругот на пратеничката Благица Ласовска истотака поседува огнено оружје. Колкав е арсеналот на македонските пратеници? Изработил: Тим на СКУП МАкедонија Пратеникот на ЗНАМ, Павле Арсоски поседува колекција на оружје. Во анкетниот лист поднесен како пратеник во македонското Собрание, Арсоски пријавил дури пет огнени оружја, сите стекнати со договор...

Тројца македонски пратеници имаат „позлатени“ сопруги

Народните избраници љубители и на вредни уметнички предмети и скапа книжевна литература. ПратеницитеХалил Снопче, Елми Азири, и Сали Мурати пријавиле вредно злато и златен накит на име на своите брачни другари. Изработил: Тим на СКУП Македонија Сопругите на тројца македонски пратеници поседуваат злато и накит вреден илјадници евра, покажува новото истражување на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија. Сопругата на пратеникот Халил Снопче поседува накит вреден 15 илјади евра,...

Македонија го ратификуваше Меѓународниот договор за размена на податоци за верификација на изјавите за имот

Најголемиот квалитет на овој договор е што ја проширува можноста за проверка на имотот на јавните службеници надвор од нивните земји. Во текстот на договорот се сугерира да се назначат антикорупциски тела како контакт точки за размена на овие податоци, но на секоја држава останува да утврди според тоа и да го извести депозитарот на овој договор со дипломатска нота кој орган ќе биде контактната точка на нејзината територија...

Системот на ДКСК по грешка пратеникот Стојаноски го направи милионер

Грешка во софтверот на на ДКСК направи замена на имотните листови на неколку функционери. Дел од нив се и пратеници. Од ДКСК најавуваат грешки и во иднина кај одредени профили на функционери во нивната база Пишува: Кристијан Трајчов Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) со погрешни податоци го пополни профилот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, со што му нанесе штета на угледот. Центарот за истражувачко новинарство СКУП...

СКУП Македонија продолжува со следењето на имотната состојба на функционерите

Почитувани, читатели и подржувачи на работата на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија. Особена чест и задоволство ми е да споделам информација со вас дека нашата Организација и годинава продолжува со проектот „Колку се богати функционерите“. Веќе активно работиме на новата платформа, која треба да биде еден активен чинител и многу моќна алатка во превентивната борба против корупцијата. Тајнината или тајноста е мајка кај што се раѓа корупцијата. Таа...

Коалицијата за заштита на укажувачите во Југоисточна Европа објави повик за стории поврзани со укажувачите

Коалицијата за заштита на укажувачите во Југоисточна Европа распиша повик за стории поврзани со укажувачите. Рокот за објавување на сториите е 30 јуни 2024 година. Повеќе информации за овој повик може да добиете во линкот подолу. Коалицијата за заштита на укажувачите во Југоисточна Европа е формирана во 2015 година. Во нејзе членуваат околу 50 организации од Југоисточна Европа.