Таг Архиви: општини

Општините тонат во долгови-Тетово, Охрид и Карпош на врвот на листата

автори: Анета Додевска и Ружица Фотиновска Растат долговите на општините во земјава.  Дури 70 од вкупно 80 општини во земјава  пријавиле доспеани, а неплатени обврски по различни основи.  Ова значи дека 87,5% од сите општини во земјава се соочуваат со финансиски проблеми за редовно сервисирање на обврските. Во третиот квартал од годинава  доспеаните, а неплатени обврски на сите општини во земјава изнесуваа 63 892 100 евра. Споредбената анализа во...

„Подарок под рака“ – Кој и што се крие зад донациите и спонзорствата во општините

Здружението ,,Медиа  плус“ ги интензивира активностите предвидени во рамките на проектот ,,Подарок под рака“. Тимот кој што работи на проектот ги сумира  податоците кои што во изминатиот период  ги собираше преку  алатките  предвидени во рамките на проектот. Целта на  проектот „Подарок под рака“, е преку истражување на практиките на донирање, спонзорирање  и соработка на компаниите со општините,  јавно да се  укаже на можни коруптивни делувања, со што делуваме во...

Битолската општина најмераклија за рекламирање

Пишуваат: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Додека Битола убедливо води во трошењето пари за реклама и соопштенија и тоа најмногу во списание за хумор и сатира, најголем промет оствариле весниците Нова Македонија, Вечер и сега затворениот, Утрински весник. Член 25 од Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од 2018 година предвидува забрана за рекламирање со која единиците на локалната самоуправа не смеат...

ОПШТИНИТЕ СЕ ЗАДОЛЖУВААТ БЕЗ КРИТЕРИУМИ, ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НЕМА КОЈ ДА ГИ ЗАУЗДА

Пишува: Горан Лефков   Македонските општини должат 100 милиони евра, само за неплатени фактури. Дел од овие тошоци се направени по кафеани, заасфалтирање на улички пред избори, а добар дел се и за привремени вработувања. Најмногу долг направила Општина Охрид, 16 милиони евра, Тетово 15, Карпош 8, Битола 5, Струга 4 милиони и Куманово 3,7 милиони евра. Најзаглавени во градоначалнички долгови се Охриѓани. Сметките за лошото раководење на општината...

ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА: ОСТВАРУВААТ ГОЛЕМИ ПРИХОДИ, ГИ ТРОШАТ НА „НАГРАДИ“ А СЛУЖАТ ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ НА ПАРТИСКИ КАДРИ

Истражувањето реализирано во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредностите на добро управување“ покажа дека за три години јавните претпријатија основани од општините доделиле награди на вработените во вредност од 000 евра Иако ништо не се сменило во изгледот на паркинзите на Средно Водно, сепак салдото на Паркинзи расте. Услугите на администрацијата во Новаци се 11 пати поскапи од тие во соседна Битола....

АДМИНИСТРАЦИЈАТА Е ГЛОМАЗНА И НЕФУНКЦИОНАЛНА, А РЕФОРМИТЕ СЕ УШТЕ СЕ НАЈАВУВААТ

Само 15% од општините ги обезбедуваат документите по службена должност од други институции Дамјан Манчевски: На овие луѓе нема да им виси работното место. Во реалниот сектор ќе се најдат многу покорисни и поисполнети Борче Давитковски: Ние сакаме да ја смалиме администрацијата, а да не отпуштаме, наводно ќе им ги понудиме на приватниот сектор   Пишува: Горан Лефков   Граѓаните неретко се принудени да талкаат од институција до институција...

Општините кријат на што ги трошат парите

Најтранспарентни општини се: Штип, Битола, Кавадарци, Велес и Охрид   автор: Горан Лефков   Повеќето општини во Македонија не се толку заинтересирани да ги информираат граѓаните како ги трошат јавните пари. Истражувањето на Центарот за управување со промени, во рамките на проектот „Следење на принципите на Јавна администрација во зачувување на вредностите на добро управување“, покажа дека индексот на транспарентност во сите општини е само 20%. Во 2016 година...

ОКОЛУ 300 ИЛЈАДИ ГРАЃАНИ СЕ ИГНОРИРАНИ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ И ОД ЛИЦАТА БЕЗ ХЕНДИКЕП

Во Македонија од 300 до 400 илјади граѓани се хендикепирани или поврзани со хендикепираните лица   Само 19% од општините имаат целосна пристапност, додека 34% се целосно непристапни   Хендикепираните лица имаат eдна многу силна порака до институциите и јавноста: Нееднаков пристап е еднакво на престап!     Пишува: Горан Лефков   Елена Кочоска е програмски раководител во невладината организација Полио плус. Голем борец по природа, се обидува преку...