Повик за доделување на грантови за невладини организации

Конзорциум од медиуми и граѓански организации од Западен Балкан, предводен од Центарот за истражувачко новинарство (CIN) во Сараево ( JaBiHEU , Пиштаљка , CIN CG, MANS, KosovaPress и СКУП Македонија), спроведува регионален проект насловен како „Поттикнување на стабилноста: Синергија помеѓу граѓанските организации и медиумите за подобрена слобода на изразување и медиумски кредибилитет“, ја објавува Регионалната шема за мали грантови (SGS) за граѓанско општество и медиуми. Проектите се финансирани од Европската Унија (ЕУ).

Програмата за мали грантови обезбедува финансиска помош за подобни организации на граѓанското општество (ГО) и медиумски актери кои работат на слободата на изразување во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Таа промовира соработка меѓу граѓанското општество и медиумите, партиципативна демократија, медиумски плурализам и процесот на приближување на регионот кон ЕУ.

Повикот трае до 6 Ноември 2026 година до 24 часот.

Информации на меил: scoop.macedonia@gmail.com

Потребни документи за апликација:

  1. Анекс А – Наративен образец за апликација;
  2. Анекс Б – Буџет;
  3. Анекс Ц – Упатство за апликантите;
  4. Анекс Д.

Оставете коментар

коментар(и)