Парламентот под лупа на невладините

Невладината организација „Полио плус-Движење против хендикеп“ во изминатиов период реализираше две анализи кои го засегаат работењето на Парламентот. Двете анализи се изработени со финансиска поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер.

Целта на првата анализа наречена „Анализа на политичките програми од предвремените парламентарни избори 2020 наспроти Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп“. Целта на оваа анализа е да се даде приказ колку политичките програми предложени за време на парламентарните избори 2020 се усогласени со ООН Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп и во колкава мера политичките партии, како и вкупниот однос на општеството се подготвени да ги прифатат граѓаните со хендикеп како рамноправни граѓани на нашето општество.

Втората е  Анализа на практиките на парламентите во однос на заедницата со хендикеп која дава компаративен приказ на практиките на парламентите во неколку земји во насока на согледување на состојбата и на практиките кои постојат кај нас и во светот за спроведувањето на дел од одредбите од Конвенцијата од страна на парламентите, како и  заклучоци и препораки што се значајни за ефективна имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп во Собранието на РСМ и Парламентарниот институт.

Оставете коментар

коментар(и)